ISO 9001:2015

ISO 9001:2015


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Google Aнализа

Статистика

  • 3
    members
  • 308
    posts
  • 1
  • 290
  • 53

Секретар на Секретаријатот за законодавство

Почитувани,



Добредојдовте на интернет страницата на Секретаријатот за законодавство



Ми претставува посебно задоволство што преку неа ќе можете да се запознаете со надлежностите на Секретаријатот за законодавство, неговата организациона поставеност, начин и организација на работа, проектни активности, документација, база на податоци, тековни активности и други позначајни заложби. Неа ја креиравме со цел да се доближиме до вас и вашите потреби од нови информации и сознанија за прашања кои ќе ви користат на вас, а пред се за прашањата кои се однесуваат на работи од нашата надлежност. Имено, Секретаријатот за законодавство како самостојна стручна служба на Владата на Република Северна Македонија со својата обемна и одговорна функција претставува значајна алка во синџирот на државните институции чии основни надлежности се обезбедување на конзистентноста на правниот систем, усогласеноста на законите и другите прописи со Уставот на Република Северна Македонија, меѓународните договори, следењето на компатибилноста на националното законодавство со законодавството на Европската Унија како и оценувањето на усогласеноста на законите и другите прописи на Република Северна Македонија со законодавството на Европската Унија.



Се надевам дека содржината на нашата интернет страница ќе ви понуди корисни информации за вас и ќе го задржи вашето внимание.



Со почит,



СЕКРЕТАР,



Д-р Оливера Нечовска