Почитувани,
Добредојдовте на интернет страницата на Секретаријатот за законодавство
Ми претставува посебно задоволство што преку неа ќе можете да се запознаете со надлежностите на Секретаријатот за законодавство, неговата организациона поставеност, начин и организација на работа, проектни активности, документација, база на податоци, тековни активности и други позначајни заложби. Неа ја креиравме со цел да се доближиме до вас и вашите потреби од нови информации и сознанија за прашања кои ќе ви користат на вас, а пред се за прашањата кои се однесуваат на работи од нашата надлежност. Имено, Секретаријатот за законодавство како самостојна стручна служба на Владата на Република Македонија со својата обемна и одговорна функција претставува значајна алка во синџирот на државните институции чии основни надлежности се обезбедување на конзистентноста на правниот систем, усогласеноста на законите и другите прописи со Уставот на Република Македонија, меѓународните договори, следењето на компатибилноста на националното законодавство со законодавството на Европската Унија како и оценувањето на усогласеноста на законите и другите прописи на Република Македонија со законодавството на Европската Унија.
Се надевам дека содржината на нашата интернет страница ќе ви понуди корисни информации за вас и ќе го задржи вашето внимание.
Со почит,
СЕКРЕТАР,
Д-р Оливера Нечовска