Page 97 - Секретаријат за законодавство
P. 97

http://conventions.coe.int/
                CELEX бројот се наведува доколку ЕУ го усвоила конкретниот пра­
                вен акт на Советот на Европа. Доколку тоа не е случај, а предлага­
                чот смета дека правниот акт на Советот на Европа е од значење за
                процесот на европска интеграција, тогаш потребно е да се наведе
                целиот назив на актот на Советот на Европа на македонски и ан­
                глиски јазик, со наведување на видот на актот и неговиот број (ETS/
                CETS број). Кај препораката и резолуцијата е потребно да се наведе
                и датата на донесување на актот. Кај конвенцијата неопходно е да се
                наведе дали истата влегла во сила и дали Република Македонија е
                страна на таа конвенција (во тој случај се наведува и датата).

                На пример,
                1. Конвенција за сајбер криминал (ETS/CETS Бр. 185), влегла во
                сила на 01.07.2004 година, Република Македонија ја потпишала
                на 23.11.2001 година, ја ратификувала на 15.09.2004 година и е во
                сила од 01.01.2005 година.
                2. Препорака Бр. R (99) 2 за средно образование од 19.01.1999 година

                3. Резолуција (97) 24 за дваесетте водечки принципи за борба про­
                тив корупцијата.

                Во одредени случаи кога националниот пропис има соодветен ЕПП
                број од НПАА, но во програмата не се наведени ЕУ мерки што тре­
                ба да се транспонираат во овој национален пропис туку се наведени
                стандарди од одредена област (на пр. INTOSAI) коишто се, всушност,
                меѓународни стандарди што ЕУ ги прифатила со одреден меѓунаро­
                ден документ, тогаш во изјавата се пополнува точка 3.4. Усогласеност
                со останати извори на правото на ЕУ, којашто во овој случај би го
                опфатила актот со кој ЕУ ги прифатила овие меѓународни стандарди.

                3.5. Рок во кој е предвидено постигнување на потполна усогласе­
                ност на предлог прописот со правото на ЕУ
                Предлагачот треба да го наведе рокот предвиден со Спогодбата за
                стабилизација и асоцијација, Националната програма за усвоју­
                вање на правото на ЕУ или со некој друг документ за постигну­
                вање потполна усогласеност на предлог прописот со законодав­
                ството на Европската унија.

                                                                                 95
   92   93   94   95   96   97   98   99   100   101   102