Page 95 - Секретаријат за законодавство
P. 95

наведува за кој закон, односно подзаконски акт станува збор. Освен
                тоа, како причина за делумно усогласување на предлог прописот со
                правниот пропис на ЕУ може да се наведе дека за одделни одред­
                би од правниот пропис на ЕУ нема потреба од правно уредување
                или пак дека одделни одредби се обврска само за земјите­членки
                на ЕУ. При наведувањето на причините за делумна усогласеност,
                меѓу другото, ќе треба да се има предвид дека истите ќе треба да
                соодветствуваат со причините наведени во кореспондентната табе­
                ла. Имено, доколку во кореспондентната табела за одделни одредби
                од правниот пропис на ЕУ е наведено дека „не се транспонира“ во
                предлог прописот (бидејќи конкретната одредба е веќе транспони­
                рана, или ќе се транспонира во друг национален пропис, или нема
                потреба од правно уредување), или доколку „не е релевантно за Ре­
                публика Македонија“ (бидејќи со конкретната одредба се утврдува
                обврска само за земјите­членки на ЕУ), во тој случај и во Изјавата за
                усогласеност се наведува истото како една од причините за делумна
                усогласеност на предлог прописот со правниот пропис на ЕУ.
                3.4. Усогласеност со останати извори на правото на ЕУ

                Се наведуваат називите на останатите извори на правото на ЕУ
                што се однесуваат на нормативната содржина на предлог пропи­
                сот. Под останати извори на правото на ЕУ се подразбираат пре­
                судите на Европскиот суд на правдата, меѓународните договори
                што ги склучила ЕУ со други држави и меѓународни организации,
                меѓународните договори меѓу земји­членки на ЕУ и правните акти
                на Советот на Европа што се однесуваат на нормативната содржи­
                на на предлог прописот. Поради комплементарното делување на
                Европската унија и Советот на Европа, одделни правни акти на
                ЕУ претставуваат услов за пристапување во Европската унија. Во
                однос на пресудите на Европскиот суд на правдата, предлагачот
                најпрвин треба да утврди дали Европскиот суд на правдата донел
                пресуда којашто се однесува на одредбите на примарните однос­
                но секундарните извори на правото на ЕУ со коишто се усогласу­
                ва предлог прописот и доколку е тоа случај предлагачот треба да
                ги земе предвид и наведе тие пресуди. Текстовите на пресудите на
                Европскиот суд на правдата се достапни на следната адреса:
                http://curia.europa.eu/jcms/j 6 /



                                                                                 93
   90   91   92   93   94   95   96   97   98   99   100