Page 101 - Секретаријат за законодавство
P. 101

Владата ја пропишува содржината и формата на кореспондентна­
                та табела и на Изјавата за усогласеноста на прописите со законо­
                давството на Европската Унија.

                Претходно наведените одредби се применуваат за прописите коишто
                ги разгледува Секретаријатот за законодавство.“ (член 76). Со Одлу­
                ката за изменување на Одлуката за обрасците на Придружното писмо
                и Меморандумот, содржината и формата на Кореспондентната табе­
                ла и на Изјавата за усогласеност на прописот со законодавството на
                Европската унија („Службен весник на Република Македонија“ бр.
                92/10) од 1 септември 2010 година во примена се новите обрасци на
                Кореспондентните табели МК­ЕУ и ЕУ­МК. Главната цел за воведу­
                вање на овие нови форми е да се обезбеди повисок степен и подобре­
                но следење на степенот на усогласување на секој национален правен
                акт, кој е предмет на усогласување со мерките на ЕУ, од една страна
                и од друга страна да се олесни пополнувањето на Кореспондентната
                табела МК­ЕУ, во којашто сега не е потребно да се наведува содр­
                жината на членовите од националниот пропис и ЕУ мерката туку се
                наведува само бројот на членот (ставот, точката, алинејата и сл.).

                Една од најголемите новини, што се воведува со наведената Одлука,
                е целосно менување на пристапот на пополнување на Кореспондент­
                ната табела ЕУ­МК којашто сега се пополнува на ниво на поедине­
                чен ЕУ пропис – консолидирана верзија со сите негови членови. На
                овој начин, оваа Кореспондентна табела ќе претставува воедно и ше­
                матски приказ на еден пропис на ЕУ што се наведува со сите негови
                членови (со полна содржина на истите на македонски јазик) коишто
                45 Прирачник за транспонирање на законодавството на Европската
                унија во законодавството на Република Македонија се даваат во коре­
                лација со содржината на членовите на националниот пропис (закони
                и подзаконски прописи) во коишто се транспонирани овие одредби
                на ЕУ прописот. Во таа смисла, секоја нова измена на националните
                прописи, или донесување на нови во насока на доусогласување со
                ЕУ прописот налага изготвување нова верзија на Кореспондентната
                табела ЕУ­МК. На овој начин се обезбедува прегледност на транспо­
                нирањето на ЕУ мерките, особено кога истите се транспонираат во
                различни закони или повеќе подзаконски прописи.

                За успешно пополнување и оценување на усогласеноста во Корес­
                пондентната табела МК­ЕУ, истата треба да биде разгледувана во


                                                                                 99
   96   97   98   99   100   101   102   103   104   105   106