Page 98 - Секретаријат за законодавство
P. 98
Доколку како причина за делумна усогласеност на предлог прописот
со правниот пропис на ЕУ е наведено дека истиот ќе се транспонира
во друг национален пропис, тогаш се наведува рокот за постигну
вање на потполна усогласеност со правниот пропис на ЕУ, односно
се наведува рокот кога е предвидено донесувањето на националниот
пропис согласно НПАА. Доколку како единствена причина за делум
на усогласеност на предлог прописот со правниот пропис на ЕУ е на
ведено дека истиот „не се транспонира“ поради тоа што нема потреба
од правно уредување, или „не е релевантно за Република Македонија“
бидејќи со истиот се воспоставува обврска само за земјитечленки на
ЕУ, во тој случај не се наведува рок за постигнување на потполна
усогласеност на предлог прописот со правниот пропис на ЕУ.
Доколку како причина за делумна усогласеност на предлог про
писот со правниот пропис на ЕУ се наведуваат двата претходно
наведени случаи тогаш се наведува рокот за постигнување на пот
полна усогласеност. Доколку причината за делумно усогласување
на предлог прописот е тоа што правниот пропис на ЕУ содржи
одредби што ќе се применуваат во Република Македонија откако
ќе стане членка на ЕУ, во тој случај се наведува формулацијата
„дека рок за целосно усогласување со соодветниот правен пропис
на ЕУ е пристапувањето на Република Македонија во ЕУ“.
3.6. Кореспондентна табела (Прилог)
Во прилог на Изјавата за усогласеност на предлог прописот со за
конодавството на ЕУ потребно е да се достави и пополнета корес
пондентна табела – формулар МКЕУ и формулар ЕУМК така што
ќе треба да се одговори со „ДА“ или „НЕ“ зависно од тоа дали има
во прилог кореспондентни табели кон Изјавата за усогласеност.
4. Превод на изворите на правото на ЕУ и на предлогправниот
пропис
4.1. Дали горенаведените извори на правото на ЕУ се преведени
на македонски јазик, и ако е така, наведете го изворот на преводот
Предлагачот треба да нагласи дали изворите на правото на ЕУ (при
марно, секундарно и другите (останати) со коишто го спроведувал
усогласувањето на предлог прописот се преведени на македонски ја
зик и која верзија на превод ја користел. Исто така, предлагачот треба
96