Page 92 - Секретаријат за законодавство
P. 92

Се наведува одредбата, односно одредбите од Спогодбата, коишто
            се  однесуваат  на  нормативната  содржина  на  предлог  прописот,
            така што се назначува Главата, односно Поглавјето од Спогодбата
            и бројот на членот. Притоа треба да се наведе дел од содржината
            на одредбата од Спогодбата на којашто се упатува. Доколку Спо­
            годбата не содржи одредба којашто се однесува на нормативната
            содржина на предлог прописот, предлагачот треба да го наведе тој
            факт и во овој случај не се пополнуваат потточките 2.2 и 2.3.
            2.2. Дали правниот пропис е во согласност со одредбите од Спо­
            годбата?

            Во квадратчето се означува ДА или НЕ
            2.3. Причини за неисполнување или делумно исполнување на об­
            врските кои произлегуваат од наведените одредби од Спогодбата
            Доколку обврската не се исполнува или само делумно се исполну­
            ва, предлагачот е должен да ги наведе причините без оглед на тоа
            дали се во прашање стопански, финансиски, социјални или некои
            други причини. При тоа мора да се повика на одредена анализа
            на проценка на влијанието, студија или некој друг документ, а не
            општо да ги наведе причините. Исто така, предлагачот е должен
            да наведе во кој рок има намера да ја исполни обврската во целост.
            3. Усогласеност на предлог прописот  со изворите на правото на ЕУ

            3.1. Одредби од примарните извори на правото на ЕУ
            Се  наведува  насловот  на  основачкиот  договор,  главата  односно
            поглавјето на основачкиот договор и бројот на членот. (На при­
            мер, Договор за функционирањето на Европската унија, Дел III,
            Наслов IV Слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал,
            Поглавје 1 Работници член 45). Примарни извори на правото на
            ЕУ се основачките договори (Договор за Европската заедница, До­
            говор за Европска заедница за атомска енергија, Договор за Европ­
            ска унија и нивните измени како Договор од Амстердам, Договор
            од Ница и Договор од Лисабон. Договорот од Лисабон влезе во
            сила на 1.12.2009 година и ги менува Договорот за Европска унија
            и Договорот за Европската заедница, преименувајќи го вториот во
            Договор за функционирање на Европската унија. Примарните из­
            вори на правото на ЕУ се достапни на следната адреса:


            90
   87   88   89   90   91   92   93   94   95   96   97