Page 99 - Секретаријат за законодавство
P. 99

да го наведе изворот на преводот и доколку тој извор не е Секрета­
                ријатот за европски прашања, предлагачот задолжително треба да го
                достави користениот превод до Секретаријатот за европски прашања.
                Секретаријатот за европски прашања е надлежен орган во Република
                Македонија за координација на преводот на правото на ЕУ.
                4.2. Достапност на преводот на изворите на правото на ЕУ

                Предлагачот  треба  да  ја  наведе  интернет  адресата  на  којашто  е
                достапен преводот, а доколку нема можност да го објави на соп­
                ствена страница, треба да го достави преводот до Секретаријатот
                за европски прашања, со цел да се ажурира Регистарот за следење
                на процесот на преведување на правните акти на Европската унија
                што го води Секретаријатот за европски прашања и којшто е дос­
                тапен на веб страницата на Секретаријатот за европски прашања.

                4.3. Дали предлог прописот е преведен на англиски јазик?

                Предлагачот треба да наведе дали предлог прописот е преведен
                на англиски јазик и задолжително преводот да го достави до Се­
                кретаријатот за европски прашања. Секретаријатот за европски
                прашања е надлежен орган во Република Македонија за коорди­
                нација на преводот на националното законодавство усогласено со
                изворот на правото на ЕУ по неговото усвојување.

                4.4. Достапност на преводот на предлог прописот
                Предлагачот треба да ја наведе интернет адресата на којашто е
                достапен  преводот  на  прописот,  а  доколку  нема  можност  да  ја
                објави на сопствена страница, преводот да го достави до Секрета­
                ријат за европски прашања за истиот да се објави на веб страни­
                цата на Секретаријат за европски прашања.

                5. Стручна помош и мислење

                (Европска комисија, КАРДС, ИПА, ТАИЕКС, СИГМА, земја­член­
                ка на ЕУ, Совет на Европа, домашни експерти и итн.)

                5.1. Учество на техничка помош и консултанти при подготвување­
                то на предлог прописот
                Да се наведе дали во изработката на предлог прописот учеству­
                вале консултанти од земјата или од странство и да се дадат пода­


                                                                                 97
   94   95   96   97   98   99   100   101   102   103   104