Page 100 - Секретаријат за законодавство
P. 100
тоци за името и бројот на проектот, како и името и профилот на
консултантите.
5.2. Дадено мислење за усогласеноста на прописот
Да се наведе називот на организацијата и експертите кои го дале
мислењето, како и накусо содржината на мислењето. Доколку Ев
ропската комисија дала мислење во овој дел, исто така, се наведу
ва накусо содржината на даденото мислење.
Потпис на раководителот на надлежниот сектор
Раководителот на надлежниот сектор на органот на државна уп
рава кој го предлага прописот го наведува своето име и презиме,
звање и работно место, ја потпишува изјавата со наведување на
датумот и местото.
Потпис на раководно лице/функционер во органот изготвувач на
правниот пропис
Изјавата за усогласеност се заверува со потпис и печат на органот
во состав само доколку изготвувачот на прописот е орган во сос
тав на предлагачот (види точка 1.2).
Потпис на раководно лице/функционер во органот предлагач на
правниот пропис на органот на државната управа, датум и печат
Изјавата за усогласеност се заверува со потписите и печатите на
органот на државна управа (односно независните тела, на пример
регулаторните тела) – предлагач на предлог прописот.
VII. КОРЕСПОНДЕНТНИ ТАБЕЛИ
Обврската за пополнување на кореспондентните табели е утврде
на во член 76 од Деловникот за работа на Владата на Република
Македонија (пречистен текст), за предлагачите на националните
правни прописи со коишто се врши усогласувањето со соодвет
ниот правен акт на ЕУ. „Предлагачите ги поднесуваат до Владата
предлог законите, другите прописи и акти што ги утврдува, од
носно донесува Владата, во облик во кој се донесуваат и истите
содржат кореспондентна табела и Изјава за усогласеноста на про
писите со законодавството на Европската унија.
98