Page 96 - Секретаријат за законодавство
P. 96

Пресудите се наведуваат на следниот начин: потполна ознака со
            број на предметот за којшто е донесена пресудата, назив на стран­
            ката во предметот, а по можност и ознака на извештајот на Европ­
            скиот суд на правдата каде што е објавена со нејзиниот CELEX
            број. (European Court Reports)
            На пример, Предмет 145/88 Torfaen BC против B&P plc ([1989]
            European Court Reports, стр.3851).
            Во однос на правните акти на Советот на Европа, предлагачите на
            прописите  во  одделни  области  на  законодавството  (поглавја  со­
            гласно НПАА), покрај изворите на право на ЕУ, мора да ги земат
            предвид соодветните акти на Советот на Европа. Тука, пред сè, се
            мисли на човекови права, права на малцинствата, заштита на пода­
            тоци, биоетика, државјанство, социјални прашања, казнено право,
            граѓанско право, трговско право, семејно право, управно и финан­
            сиско право, корупција, движење на луѓе, азил, бегалци, локална
            самоуправа и управа, спорт, медиуми, комуникација, јавно здравје,
            култура, образование, животна средина и заштита на животните.
            Под правни акти на Советот на Европа се подразбираат:

            1. Конвенции ­ главните инструменти за правна соработка меѓу
            земјите­членки на Советот на Европа (исто така познати како ев­
            ропски конвенции, договори и европски договори). Конвенциите
            се обврзувачки за државите кои ги ратификуваат. Дел од конвен­
            циите на Советот на Европа се сметаат како дел од правото на ЕУ
            и се однесува на некои од условите за пристапување во Европска­
            та унија (т.н. acquis conventionelle).

            2. Препораки ­ насоки усвоени од страна на Комитетот на мини­
            стри на Советот на Европа наменети за владите на земјите­членки
            на Советот на Европа за промена на националните законодавства
            или управната пракса. Препораките се начин за предлагање де­
            лотворни и практични решенија на нови проблеми.
            3. Резолуции ­ не се правни акти, но Комитетот на министри на
            Советот на Европа усогласува резулуции за актуелните политич­
            ки прашања.
            Текстови од правните акти на Советот на Европа се достапни на
            следнaта адреса:


            94
   91   92   93   94   95   96   97   98   99   100   101