Page 102 - Секретаријат за законодавство
P. 102
корелација со Кореспондентната табела ЕУМК, како и задолжи
телно да биде доставен превод на ЕУ прописот на македонски
јазик. Врз основа на погоренаведеното, во овој Прирачник се на
ведени некои практични аспекти на подготвувањето на кореспон
дентните табели и предлог на нивната содржина и форма, коишто
би можеле да бидат пример за натамошно користење.
1. КОРЕСПОНДЕНТНИ ТАБЕЛИ – ОПШТО
При изработката на националните правни акти во коишто се врши
транспонирање на европските правни мерки се изработуваат два
вида кореспондентни табели:
Кореспондентната табела МКЕУ се изготвува тогаш кога
се работи во работна група согласно Одлуката за образу
вање работни групи за подготовка на Националната про
грама за усвојување на правото на Европска унија и подго
товка на преговарачки позиции за преговори за членство во
Европска унија или кога согласно Националната програма
за усвојување на правото на Европска унија – НПАА, од
реден орган на државната управа е задолжен да изготви
пропис со кој се врши транспонирање на ЕУ прописите.
Кореспондентната табела ЕУМК се изготвува откако ќе
се изработи текстот на законот или подзаконски пропис со
транспонирање на ЕУ прописите со цел да се испрати во
владина процедура или пак кога се во прашање подзакон
ските акти што се подготвуваат заради објавување. За секој
поединечен ЕУ пропис предмет на транспонирање во од
реден закон или подзаконски акт на Република Македонија
се изготвува посебна кореспондентна табела ЕУМК. Таа
посебна кореспондентна табела ЕУМК треба да го прика
же степенот на усогласеноста на ЕУ прописот со национал
ниот/националните прописи кои се донесени или коишто
треба да се донесат. Ова значи дека доколку во еден нацио
нален пропис што е предмет на транспонирање се транспо
нираат повеќе ЕУ прописи тогаш за секој од нив треба да се
изготви посебна кореспондентна табела ЕУМК.
100