Page 94 - Секретаријат за законодавство
P. 94

во кои еден дел од секундарниот извор на правото е транспониран
            во предметниот национален пропис, а останатиот дел е предмет на
            транспонирање во друг национален правен пропис.

            2. „делумна усогласеност“ ­ предлог прописот е во согласност (не е
            во спротивност) со одредбите на секундарните извори на правото
            на ЕУ, но не е усогласен со сите туку само со одредени, најважни
            начела што произлегуваат од тие одредби и со тоа не е целосно во
            согласност со сите одредби од наведените секундарни извори на
            правото на ЕУ. Во овој случај станува збор за нетранспонирање
            на целата содржина на секундарниот извор на правото на ЕУ во
            предметниот  национален  пропис.  Оценката  „делумна  усогласе­
            ност“ ­ ќе се даде и во случај ако во предлог прописот е транс­
            понирана целата содржина на правниот пропис на ЕУ, односно
            сите негови одредби, но истовремено предлог прописот содржи и
            дополнителни одредби што произлегуваат од националното зако­
            нодавство и со тоа се прошируваат или ограничуваат правата или
            обврските што произлегуваат од правниот пропис на ЕУ.
            3. „неусогласеност“ ­ предлог прописот е во спротивност со од­
            редбите на секундарните извори на правото на ЕУ и не е усогла­
            сен со најважните начела што произлегуваат од тие одредби.
            3.3. Причините за делумнa усогласенoст или неусогласеност на
            предлог прописот со секундарните извори на правото на ЕУ

            Доколку предлог прописот е само делумно усогласен со изворите на
            правото на ЕУ или е неусогласен со нив, предлагачот е должен да
            ги наведе причините, било да е во прашање стопанска, финансиска,
            социјална или некоја друга причина. Притоа мора да се повика на
            одредена анализа на остварување, студија или некој друг документ,
            а не само општо да ја наведе причината. Како други можни причини
            за делумно усогласување на предлог прописот со правниот пропис
            на ЕУ се дека доусогласувањето ќе се изврши со донесување на под­
            законските акти ако станува збор за закон, или доусогласувањето ќе
            се изврши со друг закон, а ако изјавата се однесува на подзаконски
            акт, може да се наведе и дека доусогласувањето ќе биде потполно
            со донесување на други подзаконски акти или дека веќе е извршено
            со донесувањето на законот од којшто произлегува подзаконскиот
            акт, или пак веќе е извршено со други подзаконски акти, при тоа се


            92
   89   90   91   92   93   94   95   96   97   98   99