Page 93 - Секретаријат за законодавство
P. 93

http://eur­lex.europa.eu/en/treaties/index.htm#founding
                3.2. Степен на усогласеност со секундарните извори на правото на ЕУ

                Се наведуваат CELEX броевите на секундарните извори на правото
                на ЕУ коишто се однесуваат на нормативната содржина на предлог
                прописот и степенот на усогласеноста на предлог прописот со на­
                ведените акти. Секундарните извори на правото се актите што ги
                донесуваат институциите на Европската унија во рамките на своите
                надлежности согласно примарните извори на правото и во сите об­
                ласти на делување на Унијата, вклучително и од областа на заеднич­
                ката надворешна и безбедносна политика и полициската и судската
                соработка во кривичните предмети, како: регулатива (Regulation),
                директива (Directive), одлука (Decision) (задолжителни), препораки
                (Recommendation)  и  мислење  (Opinion)  (незадолжителни),  како  и
                резолуција (Resolution), соопштение (Communication), рамковна од­
                лука (Framework Decision), заедничка позиција (Common Position),
                заедничка акција (Joint Action), заедничка изјава (Joint Declaration),
                заедничка  стратегија  (Common  Strategy),  изјава  (Declaration),  за­
                клучок (Conclusion), конвенција (Convention), меѓународен договор
                (International Agreement). Неопходно е да се земе предвид не само
                основниот акт, туку и сите негови измени и дополнувања.
                При наведување на степенот на усогласеност треба да се набројат
                правните акти на ЕУ со коишто се усогласувал предлог прописот
                и до секој правен акт на ЕУ да се наведе ознаката на степенот на
                усогласеност. Ознаките што се користат се следните:

                1. „потполна усогласеност“ ­ предлог прописот е во согласност (не
                е во спротивност) со одредбите на секундарните извори на правото
                на ЕУ, усогласен е со сите начела што произлегуваат од тие одредби
                и ги транспонира сите одредби од наведените секундарни извори
                на правото на ЕУ. Имено, доколку во кореспондентната табела се
                наведуваат само неколку одредби од правниот акт на ЕУ, односно
                од секундарниот извор на правото на ЕУ, за коишто во кореспон­
                дентната табела е дадена оценката „потполна усогласеност„ тогаш,
                во Изјавата за усогласеност не може да се даде оценката за потпол­
                на усогласеност, со оглед на тоа дека не сите одредби од секундар­
                ниот извор на правото на ЕУ се транспонирани во предметниот на­
                ционален пропис. Во овие случаи најчесто станува збор за случаи


                                                                                 91
   88   89   90   91   92   93   94   95   96   97   98