Page 91 - Секретаријат за законодавство
P. 91

на Законот за животна средина ­ Draft Law Amending the Law on
                Environment), без разлика дали станува збор за закон, правилник,
                уредба,  одлука,  или  друг  подзаконски  акт,  што  е  подложен  на
                усогласување со европското законодавство.
                1.2. Предлагач

                Се  внесува  називот  на  органот  на  државната  управа  ­  предлагач
                на предлог прописот, односно неговите внатрешни организациски
                единици каде што е изработен предлог прописот. (На пример, Ми­
                нистерството за животна средина и просторно планирање). Доколку
                предлагачот на предлог прописот не е истовремено и изготвувач на
                предлог прописот тогаш, освен предлагачот, се наведува и изготвува­
                чот на предлог прописот (овде се подразбираат органите во состав).
                Исто така, доколку во изготвувањето на предлог прописот учеству­
                вале и други органи на државната управа (во случај на поделена на­
                длежност), се наведува и кои други органи учествувале, но тие не ја
                заверуваат изјавата за усогласеност со печат и потпис. Доколку за
                изготвувањето на предлог прописот била основана работна група во
                којашто биле вклучени претставници на други органи на државната
                управа, академската заедница, невладиниот сектор, стопанството и
                слично, истото се наведува под оваа точка, со внесување податоци за
                членовите на работната група што го изработила предлог прописот.
                1.3. Број на Единствен правен пропис (ЕПП бр)

                Се внесува бројот под кој е заведен предлог прописот во Национал­
                ната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), а даден од
                Секретаријатот за европски прашања.(пр. ЕПП Бр 2006.6100.0924)

                1.4. Број и назив на поглавјето од правото на ЕУ во согласност со
                Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).
                Се  внесува  бројот  и  називот  на  поглавјето  од  НПАА  (пр.  04
                Слободно движење на капитал)

                2. Усогласеност на предлог прописот со одредбите на Спогодбата за
                стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европски­
                те заедници и нивните земји­членки. Овој дел од Изјавата за усогла­
                сеност се однесува на усогласеноста на предлог пропис со ССА.

                2.1.  Одредба  од  Спогодбата  што  се  однесува  на  нормативната
                содржина на предлог прописот


                                                                                 89
   86   87   88   89   90   91   92   93   94   95   96