Page 74 - Секретаријат за законодавство
P. 74

жениот краен рок за присвојување на планираната мерка од Советот
            на министри води кон неуспешно исполнување на крајниот рок за
            транспонирање на директива од ЕУ, предлогот се враќа до релевант­
            ното министерство и се формулираат соодветни препораки.
            Барањата со осврт кон законодавните процедури кои ги води Вла­
            дата се наведени во Деловникот на Советот на министрите. Не­
            кои од обврските кои се наведени се директно поврзани со процесот
            на транспонирање на законите на ЕУ и се дизајнирани да го прес­
            труктуираат процесот. Едно од достигнувањата претставени во Де­
            ловникот е барањето за подготовката на предлог која мора да биде
            спроведена во период во кој е вклучен рокот за транспозиција или
            извршување на законот на ЕУ. Покрај тоа, во Деловникот е пропи­
            шано дека пред секоја фаза од постапката, предложениот нацрт­за­
            кон мора да биде пропратен со:

                ­  Изјава за усогласеност со законите на ЕУ (во пракса, тоа е
                    кратка информација во меморандум кој наведува дека на­
                    цртот е во согласност со законот на ЕУ);
                ­  Мислење за согласност со законите на ЕУ издадени од МНР;

                ­  Кореспондентна табела и „обратна коресподентна табела“
                    (оваа обврска се однесува само на предлозите кои се во
                    план да го имплементираат правото на ЕУ);
                ­  Објаснување за датата за влегување во сила на предложени­
                    от акт (особено мора да биде објаснето дали рокот за транс­
                    позиција е земен предвид);
                ­  Инфорамција за обврската за изјава за технички одредби
                    (авторот на предлогот мора да објасни во меморандумот,
                    дали обврските кои произлегуваат од Директивата 98/34/
                    ЕЗ од Европскиот Парламент и Советот од 22 јуни 1998
                    година, наведуваат постапка за одредба во поле на технич­
                    ките стандарди, односно дали се применливи или не).

            Дополнително, Постапката за транспозиција на законите на
            ЕУ (усвоен од КЕП) обезбедува детален опис на задачи на сите
            тела кои се вклучени во транспозицијата на законите на ЕУ во
            Полска. Исто така, детално ги опишува постепените чекори до
            објавувањето на усвоените акти во Весникот на закони и нивното



            72
   69   70   71   72   73   74   75   76   77   78   79