Page 75 - Секретаријат за законодавство
P. 75

известување  до  Европската  Комисија  во  датабазата  за  известу­
                вање на националните имплементирачки мерки.

                Процесот на носење закони со осврт кон имплементирањето на
                законите на ЕУ во Полска, може да се дефинира:
                Имено, на нацрт­закон мора да му претстои дел (концепт) кој го
                објаснува предметот и точниот опсег на планираниот законодавен
                акт. Концептот подлежи на сите фази од законодавните процеду­
                ри се до усвојувањето од страна на Советот на министри. Тогаш,
                одговорното министерство и/или Владиниот законодавен центар
                може да продолжи со подготвувањето на предлог­законот.

                Штом законодавниот предлог е подготвен, се поднесува за интер­
                на министерска консултација. Ова вклучува и поднесок до МНР
                за детален преглед во однос на согласноста со законите на ЕУ.

                На база на проверката за согласност, МНР издава свое мислење.
                Мислењето се издава по сите последователни чекори на законодав­
                ната процедура. Понатаму, предлогот се поднесува до Комитетот
                за Европски прашања (КЕП). КЕП решава спорови или нејаснотии
                кои би можеле да произлезат во врска со одредбите кои се содржани
                во предлогот и ја прифаќа крајната верзија на предлогот. Останати­
                те спорни работи од домашна природа се оставени за наредната
                фаза од постапката: преглед на предлогот од страна на Комитетот
                на Советот на министри (КСМ). По присвојувањето на предлогот
                од страна на КСМ, истиот се презентира на Владиниот законодавен
                центар кој ја осигурува кохерентноста на законодавните предлози
                со полскиот правен систем и нивната законодавна точност. Како
                последна фаза, предлозите за регулативи од Советот на министри
                како и предлозите за закони, се претставуваат на Советот на ми­
                нистри за официјално усвојување или одобрување. Предлозите за
                закони (прописи) понатаму се поднесуваат до Парламентот.

                Правилата за поднесување на прописи кои ги извршуваат обврски­
                те на законите на ЕУ до Сејмот, се изнесени во Законот од 11 март
                2004 година во соработка со Советот на министри и Сејмот како и
                Сенатот за работи кои се однесуваат на членството во Европската
                унија. Под член 11 од тој закон, од Владата се бара да поднесе, про­
                пис кој го имплементира законодавството на ЕУ, не подоцна од три



                                                                                 73
   70   71   72   73   74   75   76   77   78   79   80