Page 77 - Секретаријат за законодавство
P. 77

прописот од страна на групата од минимум 5 заменици. Во случај
                на обичен пропис, само еден заменик може да предложува измени.

                Штом законот е усвоен од страна на Сејмот и по прегледувањето
                на истиот од страна на Сенатот, Маршалот на Сејмот го поднесува
                усвоениот закон до Претседателот на Република Полска за да биде
                потпишан. Од претседателот се очекува да го потпише законот во
                рок од 21 ден и да го објави во Весникот на Закони. Со објавување­
                то се  завршува процесот на транспозиција и овозможува изјава за
                законите кои го имплементираат законодавството на ЕУ во датаба­
                зата за известување за национални мерки на имплементација.


                Имплементација на регулативи

                Процесот на имплементација на регулативите на ЕУ во Полска беше
                истиот оној како во Хрватска. Еволуирањето на правната рамка во
                секторот  на  органско  земјоделство  е  пример  за  овој  процес.  Пред
                приемот, Полска требаше да демонстрира целосно совпаѓање со ба­
                рањата на Регулативата од Советот (ЕЕЦ) бр. 2092/91 од 24 јуни 1991
                година за органско производство на земјоделски производи и инди­
                кации кои укажуваат на земјоделски производи и прехрамбени про­
                изводи . На 16 март 2001 година, беше усвоен Законот за органско
                       41
                земјоделство  со кој се усогласи полското законодавство со гореспо­
                             42
                менатата регулатива. Законот обезбедува материјални барања кои се
                применливи во секторот за органско земјоделство, институционална
                рамка, контролни механизми и санкции за несовпаѓање со наведени­
                те барања. Како што датата за прием наближуваше, беше усвоен нов
                закон (Законот од 20 април 2004 година за органско земјоделство )
                                                                                 43
                кој го поништи тој од 2001 година. Првиот член од законот разјасну­
                ва дека целта му е да ја осигура имплементацијата на Регулативата
                (ЕЕК) бр. 2092/91 како и релевантните имплементирани регулативи
                од Комисијата. Новиот закон содржеше само институционални од­
                редби, одредби во врска со контрола како и за санкции. Материјални­
                те барања не беа повеќе потребни бидејќи беа применети директно



                41  OJ L 198, 22.7.1991, p. 1.
                42  Dz. U. Nr 38, poz. 452 oraz z 2003 r. Nr 223, poz. 2220.
                43  Dz.U. z 2004 r. Nr 93, poz. 898.

                                                                                 75
   72   73   74   75   76   77   78   79   80   81   82