Page 72 - Секретаријат за законодавство
P. 72

на политика, да ги имаат предвид. Како пример може да се наведе
            Препораката од Комисијата 2003/361/ЕЗ од 6 мај 2003 година која
            се однесува на дефинирањето на микро, малите и средни компании.

            Во оваа препорака, Комисијата укажува дека на единствениот пазар
            без внатрешни граници, важно е дека мерките во корист на малите
            компании се базирани на заедничка дефиниција за да се подобри
            нивната конзистентност и ефективност и да го ограничат нарушу­
            вањето на конкуренцијата. Сè ова е дадено за опширна интеракција
            помеѓу националните и мерките на ЕУ за да се помогне на малите
            компании во областите како регионален развој и финансирање на
            истражувања. Препораката воспоставува заедничка дефиниција за
            малите компании која е широко применета низ ЕУ. За земјите­член­
            ки, употребата на дефиницијата е доброволна, но Комисијата апе­
            лира  до  сите,  вклучувајќи  ја  и  Европската  Инвестициона  Банка
            (ЕИБ) и Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) да ја применуваат
            што е можно повеќе. Имајќи го ова предвид, Хрватска ја транспо­
            нираше дефиницијата од Препораката во Законот за промовирање
            на развојот на малите компани (ОГ 29/02, 63/07, 53/12, 56/13).


            Референца кон правните акти на ЕУ

            Според  Одлуката  за  порамнување  на  хрватското  законодавство
            со законодавството на ЕУ од 2011 година, компетентните власти
            кои се одговорни за подготвувањето на законите ќе ги наведат во
            посебен член од првиот наслов од нацрт законите, насловите на
            правните акти на ЕУ со кои нацрт законите се порамнуваат.

            Оваа обврска на земјите­членки произлегува од член 288 од ДФЕУ
            и од текстовите на директивите на ЕУ кои во последните одредби
            ја наведуваат обврската која земјата­членка треба да ја обезбеди,
            при официјалната објава на дел од законите кои имплементираат
            обврска од директивата, со референца кон соодветната директи­
            ва од ЕУ. Оставено е на земјата­членка да го избере начинот на
            којшто ќе ја означи референцата која упатува на соодветната ди­
            ректива. Во секој случај, таквата референца мора да е видлива
            при официјалната објава на таков вид на пропис.
            За исполнување на обврската во согласност со номотехничките
            правила и правната пракса во Хрватска, насловите на правните


            70
   67   68   69   70   71   72   73   74   75   76   77