Page 73 - Секретаријат за законодавство
P. 73

акти од ЕУ со кои нацрт законите се порамнуваат, мора да се на­
                ведени во одделен член од првиот наслов (општи или основни
                одредби) од нацрт­законите. По правило, ова се прави во член 2.
                Кога се укажува на правните акти на ЕУ, се препорачува да се
                вклучи стандардна терминологија во одделен член од правниот
                нацрт­закон. Во овој случај, таа би требало да гласи вака: „Овој
                акт (уредба, регулатива, одлука или друг подреден вид од законо-
                давството) транспонира одлуки од Директивата...“ Во случај
                на регулатива, терминологијата се разликува, бидејќи не е транс­
                позиција: „Овој акт ја регулира имплементацијата на регулати-
                вата...“ или „Овој акт ја воведува одговорната институција и
                нејзината спремност за имплементација на Регулативата...“.

                2. ПОЛСКА

                Институционална рамка и процес на донесување закони

                Доколку некој документ не е вклучен во Годишната програма за
                работа на Советот на министри, истиот не може да се поднесе
                за усвојување од страна на Советот на министри. Законодавните
                иницијативи кои целат кон исполнување на обврските поврзани со
                членството во ЕУ се внесени во посебен дел од годишната про­
                грама кој е насловен „Ц­Имплементирање на правото на ЕУ“. За
                секоја посебна мерка, годишната програма обезбедува краток опис
                и предвиден рок за усвојување од страна на Советот на министри.

                Одлуките каде треба да се вклучат мерки, треба да бидат вклучени
                во годишната програма и да бидат донесени од Одборот за програ-
                мирање на работата на Советот на министри. Со истиот заседава
                Раководителот на Кабинетот на Премиерот и се состои од Заменик
                министер за финансии, Заменик министер за економија и Заменик
                министер за надворешни работи (МНР). Одлуката на Одборот се ба­
                зира на регулаторниот тест претставен од страна на министерството
                – автор на предложената мерка. Регулаторниот тест содржи прелими­
                нарна оцена на влијанието, кратко објаснување на тоа како предложе­
                ната мерка осигурува исполнување на обврските кои произлегуваат
                од законите на ЕУ и опис на сличната пракса во другите земји­члеки
                во ЕУ. Доколку регулаторниот тест недоволно ги зема предвид об­
                врските кои произлегуваат од законите на ЕУ или доколку предло­


                                                                                 71
   68   69   70   71   72   73   74   75   76   77   78