Page 71 - Секретаријат за законодавство
P. 71

кември 2004 година која го имплементира принципот на еднаков
                третман помеѓу мажите и жените во приемот и набавувањето на
                добра  и  услуги  (Директива  за  половите).  Ова  е  директива  која
                забранува директна и индиректна сексуална дискриминација во
                одредбата за добра и услуги во Европската унија.
                Kaко што првенствено беше донесен членот 5 (2) од директивата,
                истиот дозволува на земјите­членки да дозволат сексуална дискри­
                минација во одредбата за осигурителни услуги. Случајот Test­Achats
                беше прелиминарна референца направена во постапките водени од
                страна на белгиското потрошувачко здружение Test­Achats АСБЛ,
                г.Ван Вут и г.Баселие против Советот на Министри од Кралството
                Белгија за поништување на Законот кој се однесува на третманот
                на половите при осигурителните расправи, кој беше во согласност
                со овој исклучок кој го има во Директивата. Судот на правдата ја
                поништи оваа одредба на основа на тоа дека потенцијално дозво­
                лува бесконечно продолжување на дискриминацијата во одредбата
                за осигурување спротивно на членовите 21 и 23 од Повелбата за ос­
                новните права. Постапката на Судот потврди дека одредбата од Ди­
                рективата на ЕУ (2004/113/ЕЦЗ) која моментално дозволува такво
                користење треба да престане да важи од 21 декември 2012 година.
                Во  Хрватска,  Директивата  2004/113/ЕЗ  беше  транспонирана  во
                Законот за анти­дискриминација (ОГ 85/08), вклучувајќи го и ис­
                клучокот за сексуална дискриминација во однос на осигурител­
                ните услуги во согласност со член 5 (2). Во октомври 2012 година,
                Законот за анти­дискриминација беше изменет (ОГ 112/12) каде,
                помеѓу другото, одредбата за исклучоците кои се однесуваат на
                осигурителни услуги беше поништена со цел да се порамни со
                одлуката на Судот на датата на приемот.

                Транспозиција на „меките закони (soft laws)“ на ЕУ

                Други акти на ЕУ како препораките, одлуките и мислењата нема­
                ат обврзувачка сила и оттаму немаат директен ефект, но истовре­
                мено тие се инструменти кои се користат во различни политички
                области. Не им е потребна посебна транспозиција во домашниот
                закон поради нивната природа, но институциите на ЕУ ургираат
                до националните власти во земјите­членки кога регулираат одреде­


                                                                                 69
   66   67   68   69   70   71   72   73   74   75   76