Page 79 - Секретаријат за законодавство
P. 79

вото во однос на утврдувањето на правната положба на граѓаните.
                Ниту претседателот, ниту владата има овластување за донесување
                на мерки кои ќе имаат сила на закон (со исклучок на прописите кои
                имаат сила на Статут ­ Закон донесен од страна на претседателот
                за време на воена состојба). Овластувањата на извршната власт во
                однос на можноста да донесе подзаконски акт се пропишани во чл.
                92 (2) од Уставот, со кој се предвидува дека:

                Прописите ќе бидат издадени врз основа на посебно овластување
                содржано во, како и за спроведување на закони од страна на орга­
                ните утврдени со Уставот. Овластувањето го назначува соодветниот
                орган за издавање прописи и обемот на работите кои треба да се про­
                пишат, како и упатства кои се однесуваат на одредбите од такво дело.
                Од погоре споменатото, следува дека во голем број случаи им­
                плементација  на  директивата  во  полскиот  правен  поредок  не  е
                можна без изменување на соодветниот закон. Ова се пренесува
                врз потребата за повеќето директиви да иницираат законодавен
                процес кој го вклучува Парламентот. Исклучоци вклучуваат ситу­
                ации каде што законот содржи клаузула која овластува издавање
                на регулатива која ги опфаќа токму предметот на оваа директива
                или каде Директивата содржи одредби од чисто техничка приро­
                да и не посочува кон правата и обврските на поединци. Во такви
                ситуации, можно е да се транспонира директивата по пат на под­
                законски акт (министерска регулатива).

                Не постои стандарден пристап кога станува збор за изборот на
                инструменти што се користат за транспонирање на директивите.
                Изборот е направен на база на „од случај до случај“, во зависност
                од предметот и обемот на одредбите кои треба да се транспонира­
                ат во полскиот закон.

                Од  2004  година,  Полска  неколку  пати  прибегнува  кон  специјален
                инструмент за транспонирање на законодавството на ЕУ: преку т.н.
                “Хоризонтален закон”. Се состои од воведување на измени и допол­
                нувања на повеќе закони во рамките на еден единствен закон. Целта е
                да се обезбеди навремено и точно спроведување на голем број на дела
                на ЕУ или одделни одредби од правото на ЕУ. Поради својот исклу­
                чителен карактер, овој инструмент може да се однесува исклучиво на
                мерки за спроведување на правото на ЕУ или елиминирање на неу­


                                                                                 77
   74   75   76   77   78   79   80   81   82   83   84