Page 78 - Секретаријат за законодавство
P. 78

врз основа на Регулативата (ЕЕК) бр. 2092/91. Датата за влегување во
            сила на тој закон беше закажана за денот на приемот на Полска во ЕУ.

            Вредно е да се напоменe дилемата што ја имаат полските законода­
            вци кога се соочуваат со процесот на имплементација на регулативи­
            те на ЕУ. Регулативите вообичаено содржат дефиниции. Понекогаш
            тие не одговараат со правната традиција на земјата­членка. Од една
            страна, треба да се има предвид дека одредбите од регулативите на
            ЕУ треба да се применуваат такви какви што се, без разјаснување
            или интепретација во домашните одредби. Како и да е, од друга стра­
            на, отсуството на било какво дејство од страна на националните за­
            конодавци во случај на нејасни дефиниции може да доведе до некон­
            зистентност при примената на регулативата од страна на различни
            власти или извршители. Затоа, законодавците во Полска се потпреа
            на одредбите кои се скроени за воспоставување на дефиниции кои
            се еднакви на тие кои се користат во регулативите на ЕУ. Прилич­
            но деликатна пракса е бидејќи мора да го осигура интегритетот на
            регулативата на ЕУ и правната безбедност. Влијанието на еднакви­
            те дефиниции мора да се ограничат само на опсегот на примена на
            домашните акти и не смее да го загрози обврзувачкиот карактер на
            регулативата на ЕУ.
            Законот од 20 април 2004 година за органско земјоделство содр­
            жи пример за оваa пракса. Член 2 појаснува дека терминот „про­
            изводител“ кој се користи во законот ќе се чита како „оператор“ во
            склоп на значењето на Регулативата (ЕЕК) бр. 2092/91. Решено е
            дека употребата на еднаков термин во склоп на примената од зако­
            нот нема да биде ризик да примената на прописите биде погрешна.
            Напротив, помага при избегнување на недостаток од јасност во вр­
            ска со терминот „оператор“ во контекст на полското законодавство.


            Транспозиција на директиви

            Во Полска, не постои посебна правна основа посветена исклучиво
            на спроведување на правото на ЕУ. Затоа, процесот на имплемента­
            ција треба да се придржува на релативно цврстиот систем од извори
            на правото утврден во Уставот. Уставот ја овластува законодавната
            власт во Парламентот и само тој може да донесува закони. Уставот
            им дава посебна улога на законите во системот на изворите на пра­



            76
   73   74   75   76   77   78   79   80   81   82   83