Page 76 - Секретаријат за законодавство
P. 76

месеци пред крајниот рок. Ако тој рок е подолг од шест месеци,
            потребно е да се поднесе пет месеци пред истекувањето на рокот.

            Парламентарната фаза од постапката се регулира во aкцептни налози
            на Сејмот и Сенатот. Со овие акти се овозможува создадените барања
            да осигураат точна и навремена имплементација на законите на ЕУ.

            Во меморандумот на секој пропис, авторите мора да вклучат де­
            кларација за усогласеност со законите од Европската унија или
            декларација која тврди дека прописот не е покриен од законите на
            Европската унија.

            Една од особеностите во системот на носење закони во Полска,
            беше што владиното тело беше овластено детално да ги прегледа
            активностите на законодавната власт со осврт кон совпаѓањето со
            законите на ЕУ. Во тек на законодавните постапки кои вклучуваат
            преглед на прописите од комитетите на Сејмот, беше обврзно да
            се прегледа секоја фаза на постапките, мислењето на МНР за со­
            гласност со законите на ЕУ како и измени и предлози поднесени
            во првото и второто читање како и измени предложени од страна
            на Сенатот. Ова мислење беше прикачено на извештај од Комите­
            тот. Од 1 јануари 2015 година, оваа обврска не е повеќе во сила.
            Сега, мислењето на МНР за усогласеност може по желба да биде
            побарано од заседавачот на одговорниот комитет во Сејмот.

            Прописите чија што цел е да се имплементираат законите на ЕУ може
            да подлежат на итна постапка. Може да се пренесат до Европскиот
            комитет на Сејмот и тој комитет да воспостави распоред за работа
            за тој пропис. Оваа опција беше многу користена во периодот пред
            приемот. Тогаш, Европскиот Комитет на Сејмот беше одговорен за
            поголемиот број на прописи кои ги имплементираа законите на ЕУ.
            Акцептните налози, исто така, овозможуваат одредени правила кои
            се однесуваат на ограничување на можноста за измени на тие про­
            писи, забрзувајќи ја со тоа постапката. Може да се направи измена
            на прописот, во пишана форма за време на седницата на Комитетот,
            од група од минимум три заменици, кои се членови на Комитетот
            (исто така применливо и на поднесувањето на предлог амандмани
            поднесен од опозицијата кој се однесува на извештајот од коми­
            тетот). За време на второто читање може да се направи измена на



            74
   71   72   73   74   75   76   77   78   79   80   81