Page 68 - Секретаријат за законодавство
P. 68

Во овој случај, кога директивата паѓа под компетенцијата на раз­
            лични соодветни институции, секоја транспонирајќи некои делови
            од Директивата, и кога се подготвуваат неколку табели на усогласе­
            ност кои се однесуваат на други правни инструменти со кои треба
            да се постигне целосното порамнување, многу е тешко да се набљу­
            дува транспозицијата и да се провери целосното усогласување со
            законите  на  ЕУ.  МНЕП  може  да  одобри  инструменти  за  правно
            усогласување само доколку се гарантира целосно соодветствување
            и доколку кореспондентните табели целосно кореспондираат.

            Транспозиција на регулативи

            Кога зборуваме за процесот на правно усогласување со регулати­
            вите на ЕУ во Хрватска, мора да направиме разлика меѓу перио­
            дот пред и после членството во ЕУ.

            За време на периодот пред влезот во ЕУ, постоеја два пристапи
            кои беа во хармонија со регулативите на ЕУ. Во некои области,
            регулативите се транспонирани во хрватското законодавство како
            директиви. Ова е направено во оние полиња каде сите предусло­
            ви за целосна имплементација на законодавството на ЕУ мораа
            да бидат соодветно спроведени. Истото мораше да се спроведе
            и пред членството. Ова на пример беше направено во областа на
            безбедност на храна како и во авионскиот транспорт. Бидејќи да­
            тата за целосно членство наближуваше, јасно беше дека за при­
            чината за примената на принципот на директна применливост на
            регулативите на ЕУ и правна точност овие национални правни
            акти требаше да се поништат или целосно или само оние одредби
            кои ја копираат нормативната содржина на регулативите.

            Во 2012 година, беше спроведен процесот на анализи на нацио­
            налното законодавство кое ги транспонираше регулативите на ЕУ
            и соодветните институции со асистенција на експерти од МНЕП
            кои ги идентификуваа мерките и припремените измени, на база на
            „случај­до­случај“.
            За некои други области, обврската беше да не се транспонираат ре­
            гулативите на ЕУ како директиви, туку да се направат услови кои
            би овозможиле имплементација на регулативата на ЕУ на датата на



            66
   63   64   65   66   67   68   69   70   71   72   73