Page 67 - Секретаријат за законодавство
P. 67

безбедност (OГ 28/11). Правната основа е Законот за технички барања
                за производи и оцена за сообразност кои овозможуваат присвојување
                на уредбите за технички производи од страна на Министерот за еко­
                номија. Одреден број на техничи прозиводи се регулирани на ниво
                на ЕУ, како на пример машинеријата, и националната уредба за овие
                производи мора да биде согласно соодветниот правен акт на ЕУ.

                Вториот пристап, кој често се користи, е оној кога некои одредби
                од директивата се транспонирани во законот (дефиниции, одред­
                би кои назначуваат нови права и обврски за природата на правни­
                те лица, кои препишуваат нови обврски за институциите), и други
                потехнички делови се транспонирани во подзаконските акти кои
                се присвоени од Владата (регулатива) или министерот (уредбата).
                Таков пример е Директивата бр. 2001/83/ЕЗ од Европскиот Парла­
                мент и Советот од 6 ноември 2001 година на Општинскиот код кој
                се поврзува со медицинските производи за човечка употреба која
                е транспонирана во Законот за медицински производи (ОГ 76/13,
                90/14) и други уредби кои се присвоени а базирани на овој Закон.
                Понатаму,  постојат  ситуации  каде  еден  рамковен  закон  транс­
                понира повеќе од една директива во националниот закон, некои
                целосно некои делумно. Во овој случај, одговорната институција
                мора да припреми табели на согласност за секој правен акт на ЕУ,
                кои покажуваат прецизно кои одредби од овој закон ги транспони­
                раат одредбите од директивите, кои одредби се целосно транспо­
                нирани и за кои треба да поминат и дополнителни правни мерки.
                Законот за работни односи (ОГ 93/14) транспонира 15 директиви,
                некои  од  нив  целосно  а  некои  делумно.  На  пример,  Директивата
                2008/104/ЕЗ од Европскиот Парламент и Советот од 19 ноември 2008
                година за привремена работа на агенција е целосно транспонирана
                во тој Закон. Од друга страна, Директивата 2006/54/ЕЗ од Европски­
                от парламент и Советот од 5 јули 2006 година за имплементацијата
                на принципите на еднакви можности и еднаков третман на мажите
                и жените во врска со вработувањето и професијата, е само делум­
                но транспонирана во Законот за работни односи. Транспонирано е
                од други правни акти, како што е Законот за анти­дискриминација
                (ОГ/85/08, 112/12), Законот за полова еднаквост (ОГ 82/08) итн.




                                                                                 65
   62   63   64   65   66   67   68   69   70   71   72