Page 66 - Секретаријат за законодавство
P. 66
Табелата на усогласеност е инструмент кој го претставува степе
нот на порамнување на одредбите од актот на Европската унија
(второстепени извори на законот на ЕУ) со одредбите од нацртза
конодавството. Во Хрватска, се користи единствениот правен ЕУ
формат – хрватското нацртзаконодавство. Актот на ЕУ мора да
биде поделен со наслови, делови, членови, параграфи и точки во
првата колона. Во втората се наведени соодветните одредби од
хрватското нацртзаконодавство. Во третата колона е назначено
нивото на порамнување а четвртата и петтата се пополнуваат
само во случај одредбата да не е целосно транспонирана во хрват
ското законодавство. Во тој случај, мора да се наведе рок и изјава
за причината за целосно транспонирање.
Во одредени случаи оваа информација ќе се однесува на одред
бата од друг правен хрватски акт кој ја транспонирал истата, и во
тој случај правниот акт на ЕУ е целосно транспониран. Во друг
случај, ќе се однесува на друг закон или подзаконски акти кои
дополнително треба да се присвојат и тогаш рокот за истите мора
да биде наведен, затоа што само така правниот акт на ЕУ целосно
ќе биде транспониран.
Транспозиција на директиви
Откако Хрватска стана земјачленка, повеќето од активностите на
транспонирање се поврзани само со директивите. Во случај тие да
не бидат транспонирани во зададениот рок и националните импле
ментирачки мерки не бидат испратени до Комисијата, Комисија
та ќе спроведе прекршочна постапка против Хрватска. Планот за
транспозиција се присвојува годишно и ги наведува законите и
подзаконските акти за транспозиција, но и претставува ефективна
превентивна мерка во врска со можната прекршочна постапка.
Постојат различни пристапи при транспозицијата на директивите во
хрватското законодавство. Наједноставниот случај е кога одговорната
институција одлучува да транспонира една директива во еден дел од
националното законодавство (закон, регулатива или уредба). На при
мер, таков е случајот со Директивата 2006/42/ЕЗ за машинерија од
Европскиот Парламент и Советот на 17 мај 2006 година. Директивата
со сите Анекси е целосно транспонирана во Уредбата за машинска
64