Page 63 - Секретаријат за законодавство
P. 63

друг подзаконски пропис, во тој случај се врши означување со упату­
                вање на тој подзаконски пропис. Доколку ова упатување на ЕУ мерка­
                та е општо, при што се наведува само називот на другиот национален
                пропис во којшто ЕУ мерката е веќе транспо нирана, и тоа упатување
                се повторува повеќе пати во повеќе членови на прописот предмет на
                означување, во тој случај означувањето на тие членови ќе се врши со
                ставање на истата ознака користена при првото означување на чле­
                нот во којшто е извршено првичното упатување на ЕУ мерката што
                е веќе транспонирана во другиот подзаконски пропис. Во тој случај,
                фуснотата ќе има иста нумеричка ознака со којашто за првпат била
                означена одредбата во којашто првпат е извршено упатувањето.

                2. Во случај кога упатувањето се однесува на различни одредби
                на еден ист ЕУ пропис, во текстот на националниот подзаконски
                пропис означувањето се врши редоследно, нумерички. За правил­
                но означување на ниво на член, ќе треба доследно да се следат
                кореспондентните  табели  МК­ЕУ  и  ЕУ­МК,  коишто  се  дел  од
                подзаконскиот акт при неговото подготвување.
                Правилото за означување поврзано со директиви, регулативи и
                одлуки се  применува и на листи, но само кај оние за коишто. во
                законите, постојат овластувања на министерот од одредена област
                да објави Листа на одредени на пр. супстанци, сорти растенија,
                ѓубрива и сл. во којашто, освен набројување на називите на овие
                супстанци, сорти и сл. во колоните се пропишува и начин на по­
                стапување со овие супстанци, ѓубрива и сл., односно се пропи­
                шува и нивната примена со што Листата, по својата содржина,
                всушност има карактер на пропис и истата како таква е предмет
                на означување и на ниво на наслов и на ниво на материјален дел.
                Таков е примерот со Листата на ѓубриња и средства за подобру­
                вање на својствата на почвата.


                V. ПРИМЕРИ И НАЈДОБРА ПРАКТИКА НА ТРАНСПОЗИЦИЈА
                НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО ЕУ ВО ЗЕМЈИТЕ­ЧЛЕНКИ

                1. ХРВАТСКА

                Хрватска го започна својот процес на хармонизација на национално­
                то законодавство со законодавството на ЕУ во 2000 год. По потпишу­


                                                                                 61
   58   59   60   61   62   63   64   65   66   67   68