Page 64 - Секретаријат за законодавство
P. 64

вањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) во 2001
            година, Хрватска ја презеде обврската да се осигура дека нејзините
            веќе постоечки закони и идно законодавство градациски ќе станат
            компатибилни со законодавството на ЕУ, фокусирајќи се на фунда­
            менталните елементи на законодавството на внатрешниот пазар како
            и на областите поврзани со трговија (член 69 од ССА). Следејќи ја
            оваа правна обврска, хрватската влада усвои годишна Националната
            програма за пристапуавње во ЕУ поставувајќи ги приоритетите на
            правното усогласување, рефлектирајќи ги сите обврски од импле­
            ментацијата на ССА а подоцна и преговорите за пристапувањето.

            Сега, Хрватска како земја­членка, го гради своето искуство доби­
            ено во периодот пред пристапувањето, со цел да остане во тек со
            транспозицијата и соодветната имплементација на ново присвое­
            ното законодавството на ЕУ.

            Во ова поглавје е даден краток преглед на инструментите, методите и
            примерите на транспозицијата на законодавството на ЕУ во Хрватска.
            Во јуни 2010 година, хрватскиот парламент го измени хрватскиот
            устав за да ја овозможи имплементацијата на обврските кои про­
            излегуваат од членството во ЕУ. Членот за законодавството на ЕУ
            ja покажува примената на правата кои произлегуваат од законодав­
            ството на ЕУ и кои ќе бидат еднакви на правата под хрватските за­
            кони. Сите правни акти и одлуки прифатени од страна на Република
            Хрватска во институциите на Европската Унија ќе се применуваат
            во Хрватска согласно законодавството на ЕУ. Хрватските судови ќе
            ги штитат субјективните права кои се базираат на законодавството
            на ЕУ. Владините агенции, локалната и регионалната самоуправа и
            правните лица со јавни овластувања ќе го применат правото на ЕУ
            директно (член 145 од Уставот). Овој член ја претставува правната
            основа за транспозиција и имплементација на правото на ЕУ во
            согласност со основните принципи на законодавството на ЕУ.


            Инструменти за правно усогласување во Хрватска
            Инструментите кои се користат за хармонизација на законодавството
            на Хрватска со законодавството на ЕУ се дел од законодавната про­
            цедура од 1 декември 2001 година кога беше претставена обврзната



            62
   59   60   61   62   63   64   65   66   67   68   69