Page 62 - Секретаријат за законодавство
P. 62
за нивно означување на ниво на член. Оваа карактеристика е зна
чајна бидејќи на таков начин се надминува проблемот на потребата
од директно упатување на директивите, регулативите и одлуките во
самите одредби на подзаконскиот пропис при транспонирањето на
таквите ЕУ прописи. Ова произлегува, пред сè, од специфичноста
на областите за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна
политика опфатени во ЕУ прописи, кои меѓусебно се испреплетени
и упатуваат на меѓусебна примена. Во случаи кога во националниот
подзаконски пропис се транспонира ЕУ пропис што во своите од
редби може да упатува на одреден член од друг ЕУ пропис или само
општо да упатува на одреден друг ЕУ пропис, тогаш во национални
от подзаконски акт се упатува на другиот национален подзаконски
пропис што во себе го транспонира овој друг ЕУ пропис, а не се
упатува директно на ЕУ прописот. Членот во којшто се врши ова
упатување се означува со ознаката *1, а во фуснота на крајот на про
писот, по завршната одредба, или по прилозите (доколку ги има) се
наведува текстот дека подзаконскиот пропис што ја содржи другата
директива е усогласен со таа друга директива (притоа наведувајќи го
и членот или само називот на директивата и нејзиниот CELEX број).
На пример, текстот на фуснотата за ознаката *1 со којашто се оз
начува упатување на ниво на член, но се упатува општо на друг
ЕУ пропис во ЕУ прописот што се транспонира, гласи:
„*1 Правилникот за начинот и условите за чување ѓубриња е
усогласен со Директивата за ѓубриња на Советот (цел назив) до
несена на (датум) со CELEX број“. Текстот на фуснотата со оз
нака *2 со којашто се означува упату вањето на член, но кога се
упатува на конкретен член од другиот ЕУ пропис во ЕУ прописот
што се транспонира, гласи *2 на член 14 од Правилникот за на
чинот и условите за чување на ѓубриња е усогласен со член 10
од Директивата Директивата за ѓубриња на Советот (цел назив)
донесена на (датум) со CELEX број“.
Доколку повеќе пати во текстот на ЕУ прописот што е предмет на
транспони рање во националниот подзаконски пропис се упатува на
друг ЕУ пропис, тогаш означувањето се врши на следниот начин:
1. Кога во националниот подзаконски пропис се транспонира ЕУ мер
ка што упатува на друга ЕУ мерка којашто е веќе транспонирана во
60