Page 61 - Секретаријат за законодавство
P. 61
унија согласно поглавјето 12 „Безбедност на храна, ветеринарна и фи
тосанитарна политика“ од Националната програма за усвојување на
правото на Европската унија, фуснотата, освен на крајот на насловот,
согласно член од оваа Одлука, може да се примени и на ниво на член.
Означувањето од ставот 1 на овој член се врши на тој начин што, по
завршната одредба, се става црта по којашто редоследно се додаваат
ознаките „*1, *2 итн.“, а во текстот на фуснотата се наведува членот
од прописот на Европската унија, односно називот на прописот на
Европската унија и CELEX бројот на прописот на Европската унија.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето
во „Службен весник на Република Македонија“. Со оваа Одлука се
востанови ознака(*) на крајот на насловот на националниот подза
конски пропис, како фуснота за којашто, на крајот на првата страна
на подзаконскиот пропис, стои текст каде што се наведува називот
и CELEX бројот на прописот, односно прописите на Европската
унија со коишто се усогласува подзаконскиот пропис и што гласи:
„Со овој подзаконски пропис се врши усогласување со прописот/
прописите на Европската унија (наслов), и број (CELEX број). “
Кај подзаконските прописи, предмет на усогласување со правото
на Европската унија согласно поглавјето 12 „Безбедност на храна,
ветеринарна и фитосанитарна политика“ од Националната про
грама за усвојување на правото на Европската унија, фуснотата,
освен на крајот на насловот, може да се примени и на ниво на
член. Тоа значи дека доколку во текстот на подзаконскиот про
пис што се усогласува со одредена ЕУ мерка се повикува на друг
национален пропис којшто бил или ќе биде предмет на усогласу
вање со одредена друга ЕУ мерка, во тој случај, во тој дел од под
законскиот пропис, редоследно се наведуваат ознаките *1,*2,....,
а во текстот на фуснотата што стои по завршната одредба на про
писот, се наведува членот и називот на прописот на Европската
унија на којшто се упатува, како и неговиот CELEX број. Доколку
прописот има и прилози, без оглед дали истите се предмет на оз
начување, фуснотите се наведуваат по прилозите.
Главна карактеристика на подзаконските прописи од Поглавје 12 од
Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е можноста
59