Page 60 - Секретаријат за законодавство
P. 60

8. УПАТУВАЊЕ (СТАВАЊЕ РЕФЕРЕНЦА) НА ПРАВЕН АКТ
            НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО НАЦИОНАЛЕН ПРАВЕН АКТ

            Со цел обезбедување поголемо следење во усогласувањето на под­
            законските прописи на Република Македонија со законодавството
            на Европската унија, како и согласно барањата на Европската коми­
            сија во оваа насока, а врз основа на искуствата на Република Хрват­
            ска и Република Словенија и соодветно на спецификите на нашето
            законодавство, Владата на Република Македонија донесе Одлука
            за востановување на ознака на прописите на ЕУ во подзаконските
            прописи со коишто се врши усогласување со правото на Европска­
            та унија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/10).

            ОДЛУКА ЗА ВОСТАНОВУВАЊЕ НА ОЗНАКА НА ПРОПИСИТЕ
            НА  ЕУ  ВО  ПОДЗАКОНСКИТЕ  ПРОПИСИ  СО  КОИШТО  СЕ
            ВРШИ УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРАВОТО НА ЕУ
                                          Член 1

            Со оваа одлука се востановува ознака на прописите на Европската
            унија во подзаконските прописи со коишто се врши усогласување
            со правото на Европската унија, заради исполнување на обврски­
            те на Република Македонија што произлегуваат од Спогодбата за
            стабилизација  и  асоцијација  меѓу  Репуб лика  Македонија  и  Ев­
            ропските заедници и нивните земји­членки и се утврдува начинот
            на нејзината употреба.

                                          Член 2
            Подзаконските прописи со коишто се врши усогласување со про­
            писите  на  Европската  унија,  се  означуваат  со  (*)  како  фуснота
            којашто се става на крајот на насловот, а во текстот на фуснота­
            та се наведува појаснување што содржи назив и CELEX број на
            прописот односно прописите на Европската унија со коишто се
            усогласува подзаконскиот пропис (акт) и тоа: „Со овој подзакон­
            ски пропис (акт) се врши усогласување со прописот/прописите на
            Европската унија (наслов), број (CELEX број)“.

                                          Член 3

            По исклучок од член 2 од оваа Одлука, во подзаконските прописи
            (акти)  што  се  предмет  на  усогласување  со  правото  на  Европската


            58
   55   56   57   58   59   60   61   62   63   64   65