Page 59 - Секретаријат за законодавство
P. 59
право (soft law)“ и се користат во меѓусебната комуникација на
институциите во ЕУ или кога се обраќаат кон одредена земја
членка или кон јавноста. Тие правни акти се следниве: резолуции,
декларации, соопштенија и акциски програми.
Резолуции се акти кои ги изразуваат заедничките ставови и намери
во врска со целиот процес на интеграција или на одделни активности.
Декларации се акти кои се однесуваат на понатамошниот развој
на ЕУ и се слични со резолуциите. Исто така, постои и друг вид
на декларации коишто се донесуваат во рамките на постапката за
одлучување на Советот и тие служат за изразување на ставовите на
членовите на Советот во поглед на толкувањето на неговите одлуки.
Соопштенија се документи што содржат ставови на Комисијата
коишто се упатени кон институциите на ЕУ. Во соопштенијата се
опишуваат состојбите во одредени области, се укажува на про
блеми и се информира ЕУ за пред ложените решенија. Ова е всуш
ност повик до заинтересираните страни за дискусија во врска со
можните активности во областа предмет на соопштението.
Акциски програми се документи кои се однесуваат за примената на
законодавните програми и општите цели на основачките договори.
ПРАВНИ АКТИ НА ЕУ
Карактеристика Регулатива Директива Одлука Препорака Мислење
Задолжителна X X X
Нема задолжи X X
телна сила
Општа примена X X X
Поединечна X
примена
Се однесува на X X X X X
држави
Се однесува на
правни и фи X X
зички лица
Нормативна X X
целосност
Нормативна X
некомплетност
Директна при X X
менливост
57