Page 58 - Секретаријат за законодавство
P. 58
кретни ситуации кои бараат оперативна активност на ЕУ. Со нив се
утврдуваат целите, доменот и средствата што се на располагање на
ЕУ и, доколку е потребно, времетраењето и условите за примена.
Преку заеднички активности, земјитечленки се обврзани во однос
на заземање ставови, како и во поглед на нивните активности.
2. Трет столб на Европската унија (полициска и судската соработ
ка за граѓански и кривични предмети).
Во оваа област правните акти што се утврдуваат, односно донесу
ваат се следните: заедничките ставови, рамковните одлуки, одлу
ките и конвенциите.
Заеднички ставови – го утврдуваат пристапот на ЕУ кон одредени
прашања и Советот ги усвојува едногласно.
Рамковни одлуки се акти чија цел е обврзувачка, но формата и
методите ги избираат земјитечленки. Рамковни одлуки се доне
сени со цел да се изврши приближување на законите и прописите
на земјитечленки.
Предлозите се утврдуваат на иницијатива на Комисијата или
земјитечленки. Овие одлуки немаат директен ефект и за да се
спроведат потребно е донесување на соодветни мерки. Советот ги
усвојува едногласно, а мерките за нивно спроведување, доколку е
потребно, се усвојуваат со квалификувано мнозинство.
Одлуки се акти чија цел е во согласност со целите во областа на
третиот столб. Тие се обврзувачки и сите мерки кои се неопходни
за нивно спроведување на ниво на ЕУ се усвојуваат од страна на
Советот со квалификувано мнозинство.
Конвенции се традиционални инструменти на меѓународното
право. По консултации со Европскиот парламент, Советот, ги до
несува конвенциите со одлука, а потоа земјитечленки ја ратифи
куваат конвенцијата во согласност со нивниот уставен поредок.
По ратификацијата од страна на најмалку половина од вкупниот
број на земјичленки на ЕУ, конвенцијата влегува во сила и важи
само за наведените земјичленки.
3. Необврзувачки правни акти
Овие правни акти се акти коишто не се обврзувачки и коишто не
се предвидени во член 249 од Договорот. Тие се наречени „меко
56