Page 57 - Секретаријат за законодавство
P. 57

•  Транспонирањето на анексите од правните акти на ЕУ во
                        националните прописи, обично значи примена на техника
                        потребна за да се утврди дали овие анекси во правните акти
                        на ЕУ имаат нормативен дел, кој треба да се транспонира во
                        материјалниот дел од националниот пропис. Доколку ста­
                        нува збор за технички дел што содржи соодветни форму­
                        ли, листи, табели, обрасци и сл., тогаш овој вид анекси се
                        транспонираат во посебен прилог на националниот пропис
                        но, пред сè, овде станува збор за подзаконски акти, со ог­
                        лед на тоа дека законите во националното законодавство, по
                        правило, немаат како составен дел анекси, односно прилози.
                6. ОДЛУКИ

                Одлуката е обврзувачка во целост за тие за кои се однесува. Тоа
                е поеди нечен (индивидуален) правен акт во кој субјектите се по­
                себно определени (држава, неколку држави, физичко лице, прав­
                но лице). Се применуваат истите правила како и за регулативите
                – следејќи го деталното испитување на нивната содржина потреб­
                но е да се обезбеди дали и кои мерки треба да се преземат на
                национално ниво и следствено на тоа да се подготват соодветни
                правни акти со коишто ќе биде можна потполната директна при­
                менливост на одлуката во националниот правен поредок.

                7. ДРУГИ ПРАВНИ АКТИ НА УНИЈАТА

                1. Во рамките на вториот столб на Европската унија, во член 12
                од Договорот е утврдено дека Советот, во вршењето на своите
                надлежности,  ги  утврдува  заедничките  стратегии,  заедничките
                ставови и заедничките активности. Заеднички стратегии ­ со овие
                документи се утврдуваат целите, рокот и средствата во области во
                кои земјите­членки имаат важни заеднички интереси. Заеднички­
                те стратегии се спроведуваат од страна на Советот на ЕУ преку
                заеднички ставови (позиции) или заеднички активности.
                Заеднички ставови ­ се ставови на Европската унија во однос на
                конкретно  прашање  со  географски  и  тематски  карактер.  Земји­
                те­членки се грижат за усогласувањето на своите национални по­
                литики со овие ставови.

                Заеднички активности – се активности преземени за решавање кон­


                                                                                 55
   52   53   54   55   56   57   58   59   60   61   62