Page 56 - Секретаријат за законодавство
P. 56
• Основниот пристап предвидува транспонирање на целта
(суштината) на директивата во националниот правен по
редок во согласност со националната правна техника, на
начин и обем кој овозможува доследна и целосна транспо
зиција во поглед на целта (суштината) и кој обезбедува им
плементација на директивите во националниот правен акт.
Многу е важно да се обезбеди реализација на сите цели од
директивата на национално ниво;
• Вториот пристап е препишување на одредени делови од
текстот на директивата во националниот правен акт. Овој
метод е дозволен и соодветен во случаи каде што има тех
нички и многу детални одредби, кои често содржат лис
ти, табели, формули и броеви. Во тие случаи, одредбите
од директивите не дозволуваат какво било толкување на
нивното значење и различна формулација или уредување
(преработување). Тие, во многу нешта, стануваат како ре
гулативи, но спротивно на регулативите, неопходно е да
се транспонираат во националниот правен поредок, што
произлегува од нивниот правен карактер;
• По исклучок, соодветното транспонирање на одредени од
редби од директиви да биде обезбедено само со упатување
(ставање референца) на директивата. Причините за пра
вење на референца се главно исти како причините за корис
тење директно транспонирање. Овој пристап често се зема
предвид и се користи кога референцата е направена на тех
нички додатоци од директивата што тежнеат кон изедначу
вање на техничките стандарди во поодделни области. Дури
и во таквите случаи, целосното транспонирање на одредби
те на директивите во националниот правен поредок треба
да биде обезбедено така што на субјектите на кои се одне
сува прописот им гарантира јасна и применлива регулира
на област. Овој пристап би требало да се избегнува кога
се транспонираат директиви што имаат претрпено многу
измени и коишто јасното дефинирање на важечкиот текст
на директивата го прават речиси невозможно. Сепак, овој
пристап не е дозволен или препорачан кога директивата на
директен начин ги уредува правата и обврските на физич
ките и правните лица на земјитечленки.
54