Page 55 - Секретаријат за законодавство
P. 55

5.  ТРАНСПОЗИЦИЈА  НА  ОДРЕДБИ  ОД  ДИРЕКТИВИ  ВО
                НАЦИОНАЛНИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК

                Директивата, првенствено, е инструмент за усогласување на прав­
                ните системи на земјите­членки во одредени области, а земајќи ја
                предвид особеноста на нивните различни правни системи и прав­
                ни инструменти, се постигнува висок степен на хармонизација на
                правните системи на земјите  членки во посебни области. Целта
                на таквата хармонизација е да се обезбедат еднакви права и обвр­
                ски на сите физички и правни лица во ЕУ. Оттука, директивите не
                се директно применливи, односно нивните одредби првично тре­
                ба да се транспонираат во правниот поредок на една земја­членка
                за потоа да можат да се применат.

                Треба да се нагласи дека голем дел од директивите содржат одредби
                кои се однесуваат особено на задачите и функциите на институциите
                на ЕУ. Таквите одредби, на пример, ги утврдуваат начините на изме­
                нување и дополнување на директивите, постапки за одлучување во
                комитетите и обврската на Комисијата да врши надзор врз спроведу­
                вањето на одредбите од директивите. Од правен аспект, очигледно
                е дека овие одредби не треба да се транспонираат во националниот
                правен поредок. Освен тоа, забрането е нивно транспонирање би­
                дејќи земјите­членки немаат надлежност да го регулираат функцио­
                нирањето на институциите на ЕУ со своите национални правни акти.

                При  транспонирање  на  одредби  од  директива,  како  на  пример,
                обврска да се подготват специфични извештаи, доставување ин­
                формации и оценување на надлежните тела на ЕУ или соработка
                при размена на информации со други земји­членки на ЕУ, зна­
                чајно е, заради појаснување, да се транспонираат тие одредби во
                националните правни акти заедно со начините за спроведување
                на задачите и утврдувањето на надлежните органи. При транспо­
                нирањето на директивата треба да се земе предвид директивата
                со сите нејзини измени што важат на денот на донесувањето на
                националниот правен акт, без оглед на видот на правниот акт на
                ЕУ со којшто тие измени се направени.
                Постојат три главни пристапи на транспонирање на директиви во
                националниот систем што би можеле да бидат застапени (комби­
                нирани) во еден правен акт:



                                                                                 53
   50   51   52   53   54   55   56   57   58   59   60