Page 54 - Секретаријат за законодавство
P. 54
спроведување економски интересни групации изменет со Директива
32001L0086. Имено, целта на донесувањето на овој закон е да се уре
дат условите и начинот на спроведување на наведената регулатива
со оглед на тоа што во согласност со својата природа, регулативата
претставува директно применлив правен акт и акт што има директен
ефект во земјитечленки на Европската унија. Меѓутоа, во Европска
та унија се донесуваат и регулативи кои по својата содржина нали
куваат на директивите бидејќи содржат одредби што се однесуваат
на дополнително разработување на одредени прашања и во нацио
налното законодавство, за да може правилно и целосно да се импле
ментира предметната регулатива. Со цел Република Македонија да
ја покаже подготвеноста во системското прилагодување на своето
национално законодавство за спроведувањето на оваа регулатива во
процесот на станување земјачленка на Европската унија, се донесе
Законот за европските друштва којшто, во основа, претставува пра
вен акт со кој се уредуваат прашањата за коишто во Регулативата е
предвидено доуредување со национален акт на земјитечленки, како
и уредување на прашањата за коишто во регулативата е оставена
можноста поинаку да се уредат од страна на земјитечленки во нив
ните национални акти, наместо на начинот на кој истите се уредени
во Регулативата (поинакви рокови, постапки и сл.). За таа цел, пред
мет на уредување на овој закон се и можат да бидат само прашања за
коишто, во самата Регулатива, е допуштено да бидат доуредени или
уредени на поинаков начин од страна на земјитечленки.
Притоа, техниката на уредување на овие прашања може да значи
само упатување на националниот закон кој ги уредува прашањата
во однос на трговските друштва, кои се основани и функциони
раат согласно правниот поредок на Република Македонија. Иако
Законот за европски друштва е наменет за да се овозможи спрове
дување на наведената регулатива, ќе биде директно применлива
во Република Македонија откако Република Македонија ќе стане
земјачленка на Европската унија, а во завршните одредби е утвр
дена одложена примена на целиот Закон, односно дека истиот ќе
отпочне да се применува по пристапувањето на Република Маке
донија во Европската унија.
52