Page 53 - Секретаријат за законодавство
P. 53

Друг  пример  во  делот  на  воздухопловството,  којшто  исто  така
                претставува исклучок од правилото на имплементација на регу­
                лативите во националниот правен систем, е директно вградување
                на регулативите во подзаконски акти, каде што регулативата по­
                ради спецификата на областа која ја уредува не се имплементира
                во националниот пропис, туку директно се превзема и станува
                составен дел на подзаконскиот акт како прилог (Уредба за обезбе­
                дување од дејствија на незаконско постапување (aviation security)
                („Службен весник на Република Македонија“ бр.26/16). Ваквата
                можност е утврдена во член 1 од Законот за изменување и до­
                полнување на Законот за воздухопловство („Службен весник на
                Република Македонија“ бр.97/15). На пример:
                                              „Член 1

                Во Законот за воздухопловство („Службен весник на Република
                Македонија“ бр. 14/06, 24/07, 103/08, 67/10, 24/12, 80/12, 155/12 и
                42/14), во членот 3 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
                „(4) Владата на Република Македонија донесува подзаконски акти
                со кои се пропишуваат мерките, начинот и условите за спроведу­
                вање на ЕУ и меѓународните стандарди, препорачани практики и
                нормативи за обезбедување од дејствија на незаконско постапу­
                вање, одобрувањето на летовите, давањето на услуги на воздухо­
                пловна навигација, доделувањето на слотови, истражувањето на
                несреќи, сериозни инциденти, инциденти и настани на цивилни и
                државни воздухоплови како и начинот на нивно пријавување и за
                други области на воздухопловството.“

                Понатаму, постојат случаи во согласност со кои целата содржина на
                конвенциите се вградува во одреден национален закон како услов за
                станување член на одредена меѓународна организација во која Ев­
                ропската унија е член, како што е случајот со Законот за селекцио­
                нерските права, со којшто се регу лира заштитата на селекционер­
                ските права, односно заштитата на сорта и семе. Во однос на усогла­
                сувањето на законодавството на Република Македонија со правните
                акти на ЕУ може да се посочи усвојувањето на Закон за европски
                друштва, што е предмет на усогласување со Регулативата на Советот
                (ЕЗ) бр. 2137/85 од 8 октомври 2001 година за европскиот Закон за



                                                                                 51
   48   49   50   51   52   53   54   55   56   57   58