Page 52 - Секретаријат за законодавство
P. 52

рани регулативи треба да содржат одредби со коишто се утврдува
            престанокот на нивното важење по пристапувањето на Република
            Македонија во Европската унија, или овие одредби ќе важат до
            пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.
            Имено,  доколку  регулативата  е  транспонирана  во  некој  пропис
            (закон, уредба, одлука, пра­ вилник и сл.), во одделни одредби од
            истите, во тој случај треба да се предвиди, во посебен член, пред
            одредбата за влегување во сила на тој пропис, дека овие одредби
            ќе важат до пристапувањето на Република Македонија во Европ­
            ската унија. На пример,

            „Член 38
            Одредбите од членовите 20, 25 и 30 од овој Правилник важат до
            пристапувањето на Република Македонија во Европската унија“.
            Доколку регулативата на ЕУ била транспонирана во сите одредби
            на прописот (закон, уредба, одлука, правилник и сл.), тогаш, пред
            завршната одредба на истиот, ќе треба да се предвиди, во посебен
            член,  дека  истиот  престанува  да  важи  по  пристапувањето  на
            Република Македонија во Европската унија. На пример,

            „Член 50
            Овој закон, престанува да важи со пристапувањето на Република
            Македонија во Европската унија“.

            Еден од исклучителните примери за начинот на вградување на
            регулативите во националното законодавство е преку ратифика­
            ција на конвенциите во областа на воздухопловството, според кои
            упатување се врши само на примената на соодветните регулативи
            донесени во Европската унија, а со ратификацијата на одредена
            конвенција,  таа  станува  дел  од  правниот  систем  на  Република
            Македонија, додека за целите на почитување и спроведување на
            конвенцијата се упатува  на регулативите или актите на ЕУ што
            треба да се применуваат во Република Македонија во согласност
            со конвенцијата. За утврдување на оваа новина потврда даде и
            Уставниот суд на Република Македонија којшто, со својата одлука
            по Иницијативата за оценка на уставноста на член 3 од Законот
            за воздухопловство, донесе решение за неповедување постапка за
            оценка на уставноста и законитоста на овој член.


            50
   47   48   49   50   51   52   53   54   55   56   57