Page 51 - Секретаријат за законодавство
P. 51
те. Без оглед на директната применливост на регулативите, нивната
примена е често невозможна без донесување национални правни
акти, како на пример, определување на надлежен орган за постапу
вање по надзор, донесување одлуки или примена на други задачи
потребни за ефикасно спроведување на одредбите од регулативата
сè додека таа е прецизно регулирана со националното законодав
ство. Понатаму, земјитечленки треба да одредат санкции за неус
огласеност со одредбите од регулативите, во случај кога регулати
вите обврзуваат на тоа (обврска на земјитечленки ефикасно да го
применуваат правото на ЕУ). Често е неопходно земјитечленки да
ги усогласат националните одредби со регулативите или да донесат
правни акти во областите опфатени со регулативите или на коишто
тие упатуваат. При донесување правни акти со кои се обезбедува
ефикасна примена на одредбите од регулативите на национално
ниво, земјатачленка може, по исклучок, да вметне делови од ре
гулативите, на начин неопходен да се обезбеди внатрешна конзис
тентност и усогласеност со текстот од правниот акт со цел тој да
биде што е можно појасен за лицата на кои се однесува. Во обла
стите опфатени со регулативите, на земјитечленки не им е дозво
лена селективна и делумна примена на одредбите од регулативите,
што значи дека земјитечленки не можат да донесуваат правни акти
кои не се во согласност со содржината на регулативите или да ја
вклучат суштината на регулативата дури и кога тоа се прави буквал
но. Значењето на гореспоменатите теоретски прашања е прилично
ограничено во текот на претпристапниот период соодветно на ба
рањата на секој национален правен систем, бидејќи автономијата
и суверенитетот на националниот правен систем, во принцип, не
дозволува директна применливост на одредби кои доаѓаат од изво
ри на „странски“ правен систем. Во исчекување на пристапувањето,
регулативите треба да се транспонираат на ист начин како и дирек
тивите. Во текот на процесот на транспонирање треба да се внимава
на систематскиот пристап и соодветно да се менува концептот кога
членството е одобрено со цел да се избегне двојно уредување (важ
носта на Изјавата за усогласеност и кореспондентните табели).
Со цел да се обезбеди конзистентност на правниот систем на Репу
блика Македонија, по пристапувањето на Република Македонија
во Европската унија, прописите во чиишто одредби се транспони
49