Page 50 - Секретаријат за законодавство
P. 50

нување во постојните закони, доколку материјата е веќе делумно
            уредена, или ќе се предвиди донесување на одредени подзаконски
            прописи со коишто ќе се изврши потребната транспозиција.

            Во постапката на предлагање на изменување и дополнување на на­
            ционалниот пропис во кој веќе се транспонирани одредени акти на
            ЕУ, во целост или делумно, секогаш треба да се земе предвид и да се
            оцени одразот на новопредложените решенија врз останатите одред­
            би на националниот закон во кои биле транспонирани актите на ЕУ.
            Како инструменти што се користат во законодавството на Републи­
            ка Македо нија за оваа цел се Изјавата за усогласеност и кореспон­
            дентните табели МК­ЕУ и ЕУ­МК. Имено, Изјавата за усогласе­
            ност и коресподентните табели го следат националниот пропис на
            ресорното министерството кое е должно да ги изготви заедно со
            националниот пропис, а потоа тие инструменти заедно со предлог
            националниот  пропис  се  доставуваат  на  разгледување  до  Секре­
            таријатот за законодавство кој потоа дава мислење за Изјавата за
            усогласеност со кореспондентната табела на прописот, со цел да
            може, понатаму, пред лог националниот пропис да биде предмет на
            постапка во Владата на Република Македонија (доколку се работи
            за акт што го донесува Владата), односно, понатаму, во постапка во
            Собранието на Република Македонија (доколку се работи за закон).


            4. ТРАНСПОЗИЦИЈА НА РЕГУЛАТИВИ ВО
            НАЦИОНАЛНИОТ ПРАВЕН ПРЕДОК

            Регулативата е правен акт на ЕУ, директно применлив за земји­
            те­членки, во согласност со принципите на супремација и директ­
            на  применливост.  Ди ректно  применливи  се  само  оние  одредби
            на правото на ЕУ што не треба да се транспонираат, додека ди­
            ректниот ефект од правото на ЕУ има карактеристика на директно
            применлива норма. Оттука, во националните судски постапки, се­
            кој поединец може директно да се повика на правото на ЕУ, со цел
            да се спротивстави или да ја одбегне примената на националната
            норма којашто не е во согласност со правото на ЕУ. Сите одредби
            во правото на ЕУ немаат директен ефект.

            Горенаведеното не значи дека земјите­членки не треба или не се об­
            врзани да регулираат што било во областа покриена со регулативи­

            48
   45   46   47   48   49   50   51   52   53   54   55