Page 49 - Секретаријат за законодавство
P. 49

на претходно проучената содржина на правниот акт на ЕУ кој тре­
                ба да се транспонира. Во националното законодавство мора да
                се провери дали оваа материја е покриена целосно, делумно или
                воопшто не е уредена.
                    ­  Доколку оваа материја не е уредена, се прави претпоставка
                        дека ќе треба да се пропише нов национален правен акт со
                        којшто ќе се пропише соодветната материја, односно во кој
                        акт ќе се транспонира материјата уредена со актот на ЕУ.
                    ­  Доколку постојат национални правни норми со кои е уре­
                        дена материјата; се прави споредба на тоа дали оваа мате­
                        рија е целосно или делумно уредена во националниот про­
                        пис и дали начинот на уредување и целта на националната
                        правна норма се совпаѓа со правната норма во ЕУ.

                3. Паралелно на оваа постапка се проверува дали станува збор за
                материја што е опфатен со Спогодбата за стабилизација и асоција­
                ција (во понатамошниот текст:  ССА) и дали е потребно дополни­
                телно уредување на материјата ако таа е веќе опфатена со ССА.
                4. Понатаму, во согласност со националните одредби, неопходно е
                да се изврши проценка на влијанието на новиот нацрт­закон кој се
                подготвува во процесот на транспонирање на законодавството на ЕУ.

                5. Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (во по­
                натамошниот текст:  НПАА) е документ кој се донесува секоја го­
                дина и се развива врз основа на планираните активности од ресор­
                ните министерства за соодветната година во која тие предлагаат
                кои закони и подзаконски прописи  ќе се донесат или предложат,
                а  кои од нив претставуваат транспонирање на одредени правни
                акти на ЕУ. Во исто време, се наведува кои области се опфатени
                со НПАА и кои правни акти на ЕУ треба да бидат транспонирани.
                6. Потоа следува проверка на Годишната програма за работа на
                Владата за кварталите и периодите од тековната година во којашто
                се предвидени кварталите и фазите во кои одредени законски и
                подзаконски акти се планира да бидат донесени во соодветната
                година. Исто така, врз основа на природата на правните акти на
                ЕУ кои треба да се транспонираат во националното законодав­
                ство, се предлага донесување на нов закон, изменување и допол­


                                                                                 47
   44   45   46   47   48   49   50   51   52   53   54