Page 48 - Секретаријат за законодавство
P. 48
Во некои ретки случаи во некои земјичленки постои можност за
транспонирање со повикување на соодветните делови од одреден
правен акт на ЕУ (на пример, големи технички прилози на дирек
тиви во домашното право само се повикуваме на овој прилог и
не ги повторуваме сите податоци). Сепак, малку земјичленки ја
користат оваа техника, имајќи предвид дека тоа е дискутабилно
од уставен аспект.
Двете завршни фази во процесот на приближување се имплемен
тацијата и спроведувањето на националните закони кои го транс
понираат законодавството на ЕУ.
Имплементација бара не само донесување нови закони или измени
на постојните закони во Собранието или подзаконски акти на по
ниско ниво, туку и нивна соодветна примена во пракса и управување
на нивното влијание врз постојната институционална инфраструк
тура. Имплементацијата може да бара формирање нови институции
(на пример, различни регулаторни агенции) или зајакнување на ка
пацитетите на постојните. За таа цел, потребно е да се земат пред
вид можни финансиски средства потребни за обука, вработување
или опрема за нови или постоечки институции и нивниот персонал.
По донесувањето правни акти, потребно е да се воведат неопход
ни мерки за следење, надзор, инспекциски контроли, казни и суд
ски мерки со цел да се обезбеди дека законот е целосно спроведен.
Целосно приближување се постигнува кога законите се почитуваат
целосно и правилно, а ефикасноста на секторска политика се подо
брува. Само резултатите од спроведувањето може да го докажат кре
дибилитетот на реформите и успешниот процес на приближување.
3. ПОДГОТВИТЕЛНА РАБОТА
Во процесот на подготовка на националните правни акти со ко
ишто се врши транспонирање на европските правни акти, потреб
но е да се следи следната постапка:
1. Ажурирање на ЕУ прописите (проверка на валидноста на про
писите на ЕУ).
2. Споредба на постоечкото национално законодавство во однос
46