Page 47 - Секретаријат за законодавство
P. 47
1. „Земјите-членки мора …“,
2. „Земјите-членки треба ….“,
3. „Земјите-членки обезбедуваат …“,
4. „Земјите-членки потикнуваат …“,
5. „Земјите-членки преземаат неопходни мерки. . .“
6. „Земјите-членки промовираат . . .“
7. „Земјите-членки не применуваат . . .“
Постојат и одредби кои не бараат транспонирање. Тоа се: одредби
кои даваат обврски на институциите на ЕУ (обврска за подготов
ка на извештај, основање комитет, да се започне со преглед на
директива); одредби кои ги регулираат процедуралните аспекти
(известување, укинување стари директиви); одредби со исклучо
ци за одредени земјичленки; одредби за преодни периоди за им
плементација кои се веќе поминати.
Постојат различни техники за транспонирање кои можат да се ко
ристат во процесот на правно приближување.
Логичко транспонирање со преформулирање значи пренесување со
сопствени зборови со што се зачувува домашната правна традиција,
домашна терминологија и домашните техники за изготвување. На
пример, најголем дел од директивите во завршната одредба пропи
шуваат дека земјитечленки ги утврдуваат казните за прекршување
на националните одредби донесени со примената на директивата и
ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура нејзино спро
ведување. Овие казни мора да бидат ефективни, пропорционални и
разубедувачки. Оваа одредба може да се транспонира во национал
ниот правен акт во согласност со националните правила за казни.
Буквалната транспозиција или транспонирање збор по збор е ме
тод на директно преземање, кој гарантира целосна и прецизна
усогласеност. Иако директивите се обврзувачки за постигнување
на резултатот, тие оставаат на националните власти да ја изберат
формата и методите, па во многу случаи транспонирањето значи
буквално транспонирање на одредбите од Директивата во нацио
налните одредби. Ова се однесува на дефинициите и различните
детални технички делови од директивите.
45