Page 46 - Секретаријат за законодавство
P. 46

Во правото на ЕУ, одредбите со кои се бара максимално прибли­
            жување се користат во одредени области каде треба да се обезбе­
            ди единствен пристап од сите земји­членки на ЕУ. Како пример
            може да се даде Директивата 2006/42/ЕЗ на Европскиот парла­
            мент и на Советот од 17 мај 2006 година за машинерија во која
            се пропишани основните барања за безбедност и здравје за оваа
            категорија на производи, кои треба да бидат пропишани со нацио­
            налните закони на сите земји­членки.

            При транспонирање правни инструменти на ЕУ во националното
            законодавство, изготвувачите на правото особено треба да ги зе­
            мат предвид следните препораки:

                •  да се избере најефективната форма на национални правни
                    мерки;

                •  да се користат обврзувачки правни мерки;
                •  да се обезбеди објавување мерки за имплементација;
                •  физичките лица треба да се во можност да ги познаваат
                    во целост правата предвидени со правните акти на ЕУ, од
                    националните одредби;
                •  физичките лица треба да се во можност да се повикаат на
                    тие права пред домашните судови;
                •  државните мерки за транспонирање треба да користат ист
                    вид правни инструменти за транспонирање правни акти на
                    ЕУ какви што се користат за регулирање на истото пра­
                    шање во таа земја­членка, без инструментот на ЕУ.

            Најважен дел од националните мерки за транспонирање е поглавје­
            то за влегување во сила на националниот правен акт кој зависи од
            економскиот  развој,  социјалниот  интерес  и  административниот
            капацитет за спроведување. За земјите кои се во процес на прис­
            тапување кон ЕУ, одредени делови или одредби од законите може
            да стапат во сила во подоцнежна фаза. Исто така, за некои закони
            можно е да се предвиди дека ќе стапат во сила во целост само
            откако земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.

            Ова се некои примери на формулирање одредби на правните акти
            на ЕУ кои бараат задолжителна активност и национални мерки за
            спроведување во земјите­членки:

            44
   41   42   43   44   45   46   47   48   49   50   51