Page 45 - Секретаријат за законодавство
P. 45

конечното усогласување. Ова е поврзано со дефинирање на држав­
                ните приоритети дадени во различни владини документи, особено
                во Националната програма за усвојување на правото на Европската
                унија (НПАА), како и со приоритетите и препораките во унилате­
                ралните документи на ЕУ (на пример, Извештај за напредок).
                Фазата на транспозиција претставува оперативна изработка на но­
                вото законодавство во согласност со претходно дефинираниот план.
                Во оваа фаза се постигнува вистинско приближување на внатрешно­
                то законодавство со правото на ЕУ и националните експерти треба
                да подготват нови нацрт­закони или да предложат измени и дополну­
                вања на постоечките закони и подзаконски акти, со цел да се постиг­
                не усогласеност со правото на ЕУ. Во овој процес, потребно е да се
                земе предвид националната правна традиција и домашниот правен
                поредок, како и хиерархијата на одредбите на Европската унија.

                Кога се транспонира секундарното законодавство на ЕУ во нацио­
                налното законодавство, многу често експертите се концентрираат
                само на обврзувачките одредби и членови на правниот акт, но во
                овој процес, важно е да не се запоставува преамбулата во која се
                образложени позадината и главната цел на еден правен акт на ЕУ.
                При транспонирањето, изготвувачот треба да ги земе предвид и
                разгледа различните мерки за приближување.

                Минимално приближување значи дека правниот акт на ЕУ ја обез­
                бедува правната рамка, а понекогаш и многу детални правила за
                предметот, но земјите­членки на ЕУ имаат слобода да воведуваат
                повисоки стандарди. Како пример може да се наведе Директивата
                на Советот 2003/9 / ЕЗ од 27 јануари 2003 година за утврдување ми­
                нимум стандарди за прифаќање баратели на азил. Оваа директива
                дава можност, земјите­членки да воведат или да зачуваат поповол­
                ни одредби во областа на условите за прифаќање баратели на азил.

                Максимално приближување, од друга страна, значи дека одреден
                правен акт на ЕУ предвидува одредби, кои не се предмет на избор
                или промена. За таа цел, земјите­членки на ЕУ треба да ги транс­
                понираат тие одредби без нивно изменување и дополнување или
                пак, преформулирање на начин на кој предметните одредби го гу­
                бат своето значење или стандардите поставени од инструментите
                на ЕУ не се исполнети.


                                                                                 43
   40   41   42   43   44   45   46   47   48   49   50