Page 44 - Секретаријат за законодавство
P. 44

•  Подготвителна фаза
                •  Аналитичка фаза
                •  Транспозиција
                •  Имплементација
                •  Спроведување

            Подготвителната фаза вклучува серија технички активности, вклу­
            чително  и  препознавање,  распределба  и  презентирање  на  реле­
            вантните правни акти на ЕУ кои се во сила во одредени области.
            Фазата треба да вклучува и препознавање на постојното национал­
            но законодавство во конкретната област и одредување надлежни
            институции. Во оваа почетна фаза, авторите на законите треба да
            имаат јасна идеја за целите што треба да се постигнат со процесот
            на транспонирање на законодавството на ЕУ. Дали е тоа приоритет
            на Националната програма за усвојување на законодавството на ЕУ
            и кое ниво на усогласување се планира да се постигне.

            Аналитичката фаза на правното приближување подразбира детална
            анализа на подзаконските акти на ЕУ кои треба да се транспонираат.
            Анализата треба да се направи од страна на ресорска институција
            или експертска работна група која ќе изготви нацрт на национал­
            ниот правен акт. Во оваа фаза потребна е консултација и со други
            стратешки документи, како што се стратегии, планови и извештаи
            и подготвителни документи на институциите на ЕУ. Понатаму, нео­
            пходно е да се обезбеди навремен превод на правниот акт на ЕУ на
            официјалниот национален јазик, со цел да се овозможи соодветна
            транспозиција. Секоја можна дилема во поглед на терминологијата
            треба да се реши во оваа рана фаза. Анализата треба да резултира со
            идентификација на обврзувачките одредби на правниот акт на ЕУ
            кои мора да се транспонираат, необврзувачките одредби кои не се
            задолжителни и може да се транспонираат врз основа на интересот
            на ресорното министерство, како и одредби кои не може да се транс­
            понираат или одредби кои тука немаат примена и нема потреба да се
            транспонираат. Аналитичката фаза вклучува и соодветна анализа на
            постојните национални закони за соодветната област. За таа цел нео­
            пходно е да се идентификува тековното ниво на усогласеност и да се
            дефинира дали постојниот закон треба да се измени или да се усвои
            нов законски или подзаконски акт, но и кога треба да се заврши со


            42
   39   40   41   42   43   44   45   46   47   48   49