Page 43 - Секретаријат за законодавство
P. 43

би и на правилата пред исклучоците;
                    ­  прецизно упатување на други прописи, делови од истите
                        прописи,  односно  на  прилозите  кон  истите,  доколку  ги
                        има (на пример: во правилник ­ обрасци, прилози, анекси,
                        табели, прегледи и слично) и избегнување на постоењето
                        правни празнини или нерегулирани состојби и односи;
                    ­  прецизно наведување на одредби од други прописи или на
                        цели прописи кои се изменуваат, престануваат да се при­
                        менуваат или да важат;
                    ­  прецизно и јасно наведување на влегувањето во сила на
                        прописот,  отпочнувањето  на  примената,  престанувањето
                        на важењето/примената на истиот.

                Структурата  на  текстот  во  одредени  ситуации  треба  да  ја  следи
                структурата на прописот на ЕУ што се транспонира во национални­
                от пропис, ако тоа се наметнува или произлегува од прописот на ЕУ.
                Спроводливоста подразбира постоење на проценка за можноста од
                практична примена на прописот во целост, ниво на постигнување на
                резултат баран од законодавството на ЕУ, реализација на активности,
                мерки, инструменти и санкции предвидени во прописот, за кои е по­
                требно предлозите на прописите да се подготват на начин на што ќе
                обезбеди нивните одредби да бидат со изедначена и прецизна правна
                терминологија, читливи, целосни, јасни, разбирливи, недвосмисле­
                ни и лесно применливи во пракса, за сите заинтересирани субјекти.


                2. ГЛАВНИ ФАЗИ И МЕТОДИ ЗА ПРАВНО ПРИБЛИЖУВАЊЕ
                И ТЕХНИКИ НА ТРАНСПОЗИЦИЈА
                Секоја земја која се подготвува за влез во ЕУ мора да ги усогла­
                си своите закони, институции, капацитети за управување и адми­
                нистративни и судски системи со стандардите на ЕУ во поглед на
                спроведување на законодавството на ЕУ, ефективно и на време, пред
                пристапувањето. Изготвувањето закон во кој се транспонира правен
                акт на ЕУ е вистински предизвик. Пред изготвувањето закон, по­
                требно е правилно планирање на политиката. По изготвувањето на
                законот, потребна е имплементација и веродостојно спроведување.
                Изработката на нацрт­законот е само дел од процесот на приближу­
                вање. Главни фази на приближувањето на законите се:



                                                                                 41
   38   39   40   41   42   43   44   45   46   47   48