Page 42 - Секретаријат за законодавство
P. 42
на прописите, а со цел остварување на начелото на владеење на пра
вото, доброто владеење, правната сигурност и транспарентност, тек
стовите треба да бидат пишувани согласно основните номотехнички
принципи, со почитување на правната терминологија на ЕУ и конзис
тентноста на националниот правен систем. Последователно, најважно
е континуираното образование и обука на подготвувачите на пропи
сите и на преведувачите на правото на ЕУ и правната терминологија.
1. УСОГЛАСЕНОСТ, ПРАВНА ИЗДРЖАНОСТ И
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОПИСИТЕ
Усогласеноста подразбира:
претходно одредување на делокругот на примена на про
писите од националното законодавство и оние од законо
давството на ЕУ коишто регулирааат соодветна област;
постоење правен основ за дадениот пропис во национал
ниот правен систем;
располагање со сите релевантни правни акти на ЕУ (регу
лативи, директиви, одлуки и сл. и консолидирани верзии
на истите со официјален превод) кои треба да бидат транс
понирани во предметниот пропис;
свесност за постоењето на обврски преземени со постој
ните ратификувани меѓународни договори и начинот на
кој тие се одразуваат врз прописот што се подготвува; и
свесност за одредбите во националните прописи што мо
жат да не бидат во согласност со меѓународните обврски
што треба да бидат преземени.
Правна издржаност подразбира:
соодветното место на прописот во националниот правен
систем;
постоење стегната структура на текстот со правилен редослед
на одредбите и нивно соодветно групирање (предмет на уре
дување, цели, основни принципи, дефиниции, материјални од
редби права, обврски, одговорности, овластувања, процеду
рални одредби, казнени одредби, преодни и завршни одредби);
поставување на основните одредби пред посебните одред
40