Page 41 - Секретаријат за законодавство
P. 41

кото право (soft law)“. Класификацијата се заснова врз практиката
                на институциите на ЕУ и судската пракса на Судот на правдата:

                    •  подготвителни инструменти: зелени книги, бели книги, ак­
                        циски програми;
                    •  информативни инструменти: соопштенија;
                    •  инструменти за толкување и донесување одлуки: толковни ко­
                        муникации и известувањата на Комисијата, кодекси и рамки;
                    •  формални и неформални управни инструменти: мислења на
                        Европската комисија, заклучоци на Советот, декларации на
                        Советот и на земјите­членки на ЕУ, заеднички декларации и
                        меѓу­институционални договори, резолуции на Советот, ко­
                        декси на однесување или практики на Советот и Комисијата
                        и заеднички заклучоци, декларации и резолуции.
                Во принцип, актите од „мекото право (soft law)“ се инструменти
                за разјаснување на состојбата во однос на законодавството на ЕУ
                во соодветната област, тие ги прикажуваат намерите во однос на
                идните законски мерки или даваат толкување на обврзувачкото за­
                конодавство на ЕУ. На пример, упатствата на Европската комисија
                се показатели за тоа како Европската комисија намерава да ги тол­
                кува одредбите од примарното или секундарното законодавство.
                Вреди да се забележи дека насоките дадени од Европската комисија
                во областа на државната помош имаат посебен статус. Од формал­
                на гледна точка тие не се дадени во член 288 од ДФЕУ и не се обвр­
                зувачки. Сепак, Судот на правдата, истакнува дека земјите­членки
                имаат обврска да соработуваат со Европската комисија, во соглас­
                ност со одредбите од Договорот во однос на државната помош. За­
                тоа, како резултат на оваа обврска и бидејќи истите ги прифатиле
                правилата утврдени во упатствата, земјите­членки „мора да ги при­
                менуваат упатствата при одлучувањето по барања за помош“.     40

                IV. ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ И ТРАНСПОНИРАЊЕ

                Во процесот на усогласување на националното законодавство со зако­
                нодавството на Европската Унија, при подготвувањето на предлозите


                40  IJssel­Vliet Combinatie BV v Minister van Economische Zaken (Case C­311/94)
                [1996] ECR I­5023.


                                                                                 39
   36   37   38   39   40   41   42   43   44   45   46